Грешки поради кои не уживате доволно во сексот
Ова се шесте работи поради кои сексот ви е лош и совети, што можете да направите во креветот за повеќе да уживате и полесно да дојдете до оргазам.
1. Ја прескокнувате предиграта
Сексот е најдобар кога двајцата партнери се возбудени и концентрирани еден кон друг. Предиграта е единствениот пат до тоа – ја зголемува возбудата, желбата и го подготвува вашето тело за секс.
2. Ја занемарувате напнатоста на исчекувањето
Една од важните работи на предиграта е слатката напнатост и исчекувањето.
3. Не сте доволно јасни
Јасно и гласно кажете што сакате. Партнерот сака да ве задоволи, но можеби не знае како. Најдобро е отворено да кажете што ви се допаѓа, а што не.
4. Не сте позитивни
Критикувањето не е секси и затоа користете ги позитивните поттикнувања за го добиете она што го сакате во текот на сексот. Најдобро е да ги кажете своите желби на начин кој би ја возбудил другата страна.
5. Сè му препуштате на партнерот
Многумина очекуваат партнерот да им овозможи уживање и оргазам и поради тоа не превземаат иницијатива за време на сексот. Но, колку и да е вашиот партнер добар љубовник, не може да ги чита вашите мисли ниту да ви пружи уживање без вашето учество. Едноставно кажете кога нешто ви одговара, а кога не.
6. Не ги гледате сите можности
Немојте да се плашите да експериментирате. Еден од начините да го збогатите сексуалниот живот и да дојдете до оргазам е и да воведете мали новини во спалната соба.