8 знаци дека правите емотивно неверство

8-znaci-deka-pravite-emotivno-neverstvo

Нема личност која е имуна на емотивно неверство. Границата помеѓу длабокото пријателство и љубовта е многу тенка, па ако имате пријател кој ви е поблизок од вашиот партнер, проверете да не сте навлегле во зоната на неверството.

Емотивното неверство се случува кога ќе дозволите друга личност да ги исполни емотивните потреби кои би требало да ги задоволи вашиот партнер.

Овој однос најчесто почнува невино, но всушност тоа е причината да бидете внимателни бидејќи со таквите однесувања самите ја отворате  вратата на непримерната врска.

Ова се осум знаци кои укажуваат дека сте сплеткале фина мрежа на интимност која води до емотивно неверство.

Потоа, од вистинското неверство ве делат само неколку чаши вино.

1. Ја очекувате средбата со него/неа со повеќе возбудување отколку средбата со останатите пријатели и поминувате повеќе време со него/неа отколку со другите.

2. Се фаќате себеси како се дотерувате со надеж дека тој/таа тоа ќе го забележи.

3. Му/и се доверувате за своите проблеми и односите со другите луѓе.

4. Се трудите секогаш да имате шеговити коментари додека разговарате со него/неа.

5. Кога нешто ве мачи, попрво ќе му се обратите нему/неа отколку на својот партнер.

6. Фантазирате како би било да сте во врска, фантазирате за секс со него/неа.

7. Или за него/неа премногу му зборувате на својот партнер и пријателите или никогаш не го/ја спомнувате чувајќи го/ја како тајна.

8. Не би можеле лесно да му кажете на својот партнер се за својот однос со таа личност бидејќи сте свесни дека нешто од тоа е непримерно.

Можеби и вам ви се случило слично нешто?

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg