Дознајте кога сте најмногу расположени за секс

doznajte-koga-ste-najmnogu-raspolozeni-za-seks-1

Во текот на 24 часа во нашето тело се сменуваат расположенијата и енергијата. Тие биолошки ритами делуваат на сите наши активности, вклучувајќи ја и сексуалната – вели италијанскиот хронобиолог Антонела Филипи.

Значи, некои луѓе едноставно не можат да се контролираат кога на нивниот биолошки часовник ќе отчука часот за водење љубов.

Имено, докажано е дека сексот може да нè исполни со силни емоции во моментот кога во крвта ќе се зголеми концентрацијата на одредени хормони и трансмисери.

Лето е, на годишен одмор сте, или ќе одите и можете да си дозволите да водите љубов кога ќе посакате. Секако, под услов вашиот ритам да се совпадне со ритамот на партнерот.

doznajte-koga-ste-najmnogu-raspolozeni-za-seks-2

7.00 - 9.00
По женски вкус

Предности – Тоа е најдоброто време за водење љубов. Мажите често имаат спонтана ерекција за време на будењето, па штета е тоа да не се искористи. Тогаш е многу високо нивото на кортизолот, супстанцата која ја олеснува физичката активност и го намалува чувството за болка. Истото важи и за тестостеронот, кој првенствено е машки хормон, но ефикасен е и кај жените, а наутро ја достигнува максималната концентрација. Наутро расте и нивото на ендорфини познати и како хормони на среќата. Најновите истражувања покажале дека сексуалниот чин помеѓу седум и девет наутро им овозможува најголемо уживање на жените.

doznajte-koga-ste-najmnogu-raspolozeni-za-seks-3

13.00 - 14.00
Подобро од ручек

Предности – Подобро е од диета. Помеѓу 12 и 14 часот, механизмите за варење се најефикасни. Во 14 часот производството на инсулин, кој го разградува шеќерот, го достигнува својот максимум. Но, во тоа време, кое повеќето го посветуваат на сендвичи и пијалаци, краток еротски состанок може да биде полн погодок. Малобројни се сопружниците кои паузата за ручек ја користат за да водат љубов. Но, кога станува збор за љубовниците, тоа може да биде исклучителна прилика. Еве еден добар совет за стабилните парови: правете го тоа за време на ручекот затоа што во целата работа внесува малку авантуристички дух.

doznajte-koga-ste-najmnogu-raspolozeni-za-seks-4

17.00 - 20.00
Без инхибиции

Предности – Кај повеќето луѓе сексуалната желба почнува да расте баш во тој период од денот. Затоа не е никакво чудо што познатите љубовници најмногу сакаат да водат љубов пред вечерата. Доцна попладне расте концентрацијата на ендорфини, кои ги рушат сите сексуални инхибиции и затоа тоа е идеално време за еротски игри. Кај припадниците на двата пола попуштаат сите кочници и се будат животинските инстинкти.

1.00 - 4.00
Во ситни саати

Предности – оргазмот е најдобро апче за спиење. Напнати сте, со часови се вртите во креветот, но сон никако да ви дојде. Тоа се услови како создадени за милување и други изливи на нежност, кои релаксираат. Ноќта е многу важна за организмот, му помага да си обнови залихите на енергија. Но, тоа е и деликатен дел од денот, време кога сме најранливи, освен тоа водењето љубов во ситните саати јасно упатува порака, тука сме, заедно и се сакаме.

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
5 знаци дека сте лоши во кревет (и како да се подобрите) (18+) Размислувате за тоа што треба да купите и дали сте платиле сметки додека имате с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg