„Заспана убавица“: Ќе се омажи со оној кој ќе ја разбуди со бакнеж
Пет жени се обврзале со договор дека ќе се омажат со оној чиј бакнеж ќе ги наведе да ги отворат очите.
Пет жени од Киев се надеваат на љубовна романса од бајките со помош на уметничката изложба под името „Заспаната убавица“ на украинско - канадскиот уметник Тарас Полатаика во Националниот музеј на Украина.
Тие ќе лежат како да спијат три дена додека мажите ќе се обидуваат да ги разбудат.
Од учесничките во изложбата се бара да се постари од 18 години, да не се мажени и да имаат сериозна намера да се омажат и да потпишат договор во кој се согласуваат да се омажат со оној кој ќе ги разбуди со својот бакнеж.
Една од жените, Наталија, вели: „Мислам дека ќе почувствувам кој треба да ми биде момче на интуитивно ниво. Ако тоа не го почувствувам, нема да ги отворам очите. Сè може да се случи во животот. Што ако ова е единствениот начин да ја запознам мојата сродна душа?“