21 век: Градите сè поголеми, пенисот сè помал
Истражувањето кое било спроведено на Универзитетската болница во Падова покажало дека просечната должина на пенисот се намалува.
Имено, откриле дека во последните 60 години, просечната должина на пенисот се намалила од 9,7 на 8,9 cm, односно десет проценти. Професорот Карло Фореста како главна причина го навел загадувањето на животната средина и нејзиното влијание на формирањето на хормоните.
Дури и пред тоа, стручњаците откриле дека опкружувањето влијае на градите на жените, колку е животната средина позагадена, градите повеќе растат, а причина за тоа е присуството на бисфенол А и естрогени во воздухот.
Бисфенол А е органско соединение со два прстени на фенол, кое во комбинација со другите хемикалии се користи при производство на пластика.
Пократките се поупотребливи
Интересно е дека истражувањето кое опфатило две илјади мажи на возраст од 19 години покажало дека нивниот пенис е пократок, но и дека нивните нозе и раце во просек се подолги. Главно, машките полови органи се слични, а се разликуваат само кога не се во ерекција.
Интересно е дека пократкиот пенис во повеќето сексуални односи функционира подобро од подолгиот, а повеќето жени кои посакуваат подолг пенис на крајот признале дека за време на сексуалниот однос биле разочарани и дека покрај визуелното чувство не добиле ништо посебно во споредба со помалиот пенис.
Просечен пенис во ерекција има должина од 12,7 до 17,8 cm
Просечната должина на пенисот се движи во распон од 7,6 и 10,2 сантиметри во опуштена состојба, а помеѓу 12,7 и 17,8 сантиметри во ерекција. Сепак некои мажи, под дејство на реклами за разни помагала со чија помош нивниот пенис би станал поголем, им подлегнуваат на делувањето на медиумите за да го задоволат сопственото его.