10 сигнали дека неверството е блиску
Континуирано кажува „мрсни“ вицови, ги оправдува пријателите кои ги изневериле своите сопруги, се дружи со други жени и им се доверува.
Внимателно! Фали само уште еден чекор за неверство.
Според истражувањата на американската фондација и агенција „Ешли Медисон“, 50 до 60 проценти од мажите кога- тогаш ќе испробаат брачно или вонбрачно неверство.
Причините може да бидат многубројни, но треба да се обрне внимание на некои посебни сигнали.
1. Шири познанства
Запознава други жени, собира броеви на телефони, почнува се почесто да излегува и се обидува да се сети на своите стари трикови. Го употребува целиот свој шарм, користи стари фори и – почнува редовно да се тушира. Големи се шансите дека сега ќе биде поуспешен од порано, затоа што е посигурен во себе, а со тоа расте и неговата самодоверба.
2. Сака промена
Дали ги забележува огласите за деловна придружба и ги коментира? Тоа е затоа што би сакал во својот живот да внесе малку промена, да почувствува нов женски мирис. Не сака нова врска, туку само минлива авантура.
3. Постојано бара ново возбудување
Прелистува порно списанија, кога се враќа дома, попатно навратува во некое кафуле за да испие нешто од нога. Еве за што станува збор: повеќе не го возбудувате и кога водите љубов тоа кратко трае.
4. Ги крши своите морални принципи
Ви дава до знаење дека неверството не е грев? Попуштајќи во своите морални принципи и самиот се надева дека ќе имате повеќе разбирање за неговото евентуално неверство.
5. Постојано му е сексот во глава
Неверството е блиску ако партнерот постојано зборува за секс, се смее само на „мрсни“ вицови и воопшто се однесува како да е пубертетлија.
6. Ве крие од другите
Ако се забавувате и не сте во брак, премолчува дека има девојка. Ако сте му жена, ретко ве носи со себе на прослави и забави.
7. Се дружи со други жени
Во другите жени бара рамо за плачење, им се доверува и пие кафе со нив. Внимавајте, тоа може да биде многу опасно штом се укаже прва можност.
8. Ги оправдува другите прељубници
Дали вашиот сопруг/партнер наоѓа оправдување за своите другари кои што биле неверни: Дури и наместо да ги осуди, тој наоѓа причини да ги оправда? Намерата е јасна.
9. Се чувствува како да се гуши
Често ви префрла дека нема слобода и дека му треба повеќе време и простор за себе. Дури вели дека тоа е само минлива фаза.
10. Секогаш има алиби
Мажот кој наскоро ќе ја изневери својата жена не излегува од дома без добро алиби. Можеби се уште ништо не направил, но го подготвува теренот за секој случај.
Дали ова ви звучи познато? Овие ненадејни промени во неговото однесување би можеле да значат дека се ближи моментот кога ќе се случи неверството.
Но, пред да се случи, треба да се потсети дека врската заслужува да биде спасена, можеби сочувана низ отворен и искрен разговор, а довербата кога еднаш ќе се изгуби, тешко повторно се стекнува.