Кои се тајните што ги кријат женските гради?
Многу мажи потврдиле дека големите гради не се она што прво ги привлекува, но сепак не можат да им одолеат. Овој атрактивен женски атрибут сокрива многу тајни кои веќе со столетија ги збунуваат дури и научниците.
Еве одговор на прашањето: Зошто мажите толку ги сакаат женските гради?
Мажите со поглед најдолго се задржуваат на женските гради.
Иако здравата коса, убавото лице, заоблените колкови и струк се она што прво ќе ги привлече мажите, бујните гради нагласени со секси градник, нема конкуренција.
Истражувањата покажале дека 47 проценти од мажите прво го забележуваат бујното деколте, па на него и најдолго се задржуваат со поглед и тоа дури 10 секунди повеќе отколку на другите делови на телото.
Можеби звучи сексистички, но причините се многу подлабоки во минатото и имаат врска со еволуцијата на човековиот вид.
Се смета дека жените со поголеми гради и потенок струк имаат поголемо ниво на женскиот хормон естроген и се сметаат за поплодни, а со самото тоа и попривлечни за потенцијалните партнери.
Ова истражување нема цврста научна потпора, но факт е дека тие им се восхитуваат, а причините можат само да се претпоставуваат.
Во анкетата која вклучила голем број мажи од различна возраст се дошло до единствен заклучок, а овде ќе наброиме само 5 најчесто одговори на прашањето: Зошто мажите сакат женски гради?
- Затоа што тие ги немаат
- Затоа што се ерогена зона што истовремено ги возбудува двајцата партнери
- Затоа што симболизираат женственост
- Затоа што жените со поголеми гради и помал струк имаат поголемо ниво на женски хормони што симболизира плодност.
- Затоа што се прекрасен украс на женското тело, без разлика на величината.
Момци што ќе кажете вие?