Топ 10 лаги при запознавање на Интернет
Луѓето најчесто лажно се преставуваат на страниците за запознавање, додека жените најмногу лажат за килограмите, мажите лажат дека се повисоки, имаат подобра работа и повеќе заработуваат.
Околу 40 проценти мажи лажат дека заработуваат повеќе, додека тоа го прават 33 проценти од жените, открива истражувањето на BeautifulPeople.com.
Лажењето на интернет особено е раширено на страниците за запознавање и договарање на состаноци, а најчесто се лаже за висината, тежината и возраста.
- Интернет страниците за запознавање се преполни со луѓе кои невистинито се преставуваат за да привлечат повеќе внимание и пораки – изјавил Greg Hodge, директор на порталот.
Топ 10 лаги на мажите:
1. Дека имаат подобра работа
2. Дека се повисоки
3. Дека се послаби или потешки
4. Дека се со мускулеста градба
5. Дека добро заработуваат
6. Дека добро се облекуваат
7. Дека нивната професија е интересна
8. Дека имаат факлутетска диплома
9. Дека познаваат некои славни или угледни луѓе
10. Дека се отворени и комуникативни
Топ 10 лаги на жените:
1. Дека се послаби
2. Дека се помлади
3. Дека се „затегнати“
4. Дека се повисоки
5. Дека заработуваат повеќе
6. Дека имаат поголеми облини
7. Дека професијата им е гламурозна
8. Дека имаат многу додворувачи
9. Дека имаат диплома
10. Дека познаваат славни и угледни луѓе