Трикови за експлозивен оргазам

trikovi-za-eksploziven-orgazan

За жените да постигнат оргазам, клиторисот мора да го тријат од срамна коска на партнерот. Најдобра позиција за тоа е ако партнерката е одозгора. Со овој совет Dr. Laura Berman, психијатар во Универзитетот Northwestern, открива уште некои стручни тајни како да се ужива во љубовната постела.

Предиграта започнете ја со жешки СМС пораки, вежбајте ги карличните мускули, а колку повеќе го одложувате оргазмот, толку е поексплозивен, тврдат терапевтите.

Испитајте го своето тело

За да знаете што сакате и за да можете да го упатите саканиот во она што треба да го прави, морате да знаете што ви одговара.
- Истражувајте го своето тело со мастурбација и подгответе го за оргазам – истакнува познатиот сексуален терапевт Danielle Cavallucci.

Вежби за подобар секс

Вежбата го прави мајсторот, а ако сакате интензивни оргазми, ќе ви помогнат Кегеловите вежби кои ја зајакнуваат карлицата.
-  Вежби три пати на ден ќе ви овозможат оргазми од соништата – тврди сексуалниот терапевт Dorian Solot.

Заедничко возбудување

Истражувањата потврдиле дека ако се занимавате со возбудлив спорт, како планинарење со партнерот или едноставно гледање хорор филмови, тоа го поттикнува производството на допамин, хормонот на еуфоријата кој го испуштаме за време на сексот.

Одложете го задоволството

Оргазмот ќе биде уште поексплозивен ако го одложувате. Малку пред оргазмот, забавете и така неколку пати, додека целата сила на возбуда не се собере, оргазмот ќе биде како експлозија.

Со техника на дишење до оргазам

Составен дел на тантричкиот секс е контролата на дишењето. Имено, со дишење можете да ја насочите својата сексуална енергија.
- Заедно со партнерот забавете го дишењето пред оргазмот, на тој начин ќе го одложите, а кога конечно ќе го постигнете задоволството тоа ќе биде поинтензивно од вообичаено – истакнува сексуалниот терапевт Yvonne Fulbright.

Секси пораки

Ако ви треба подолго време за да се возбудите отколку на вашиот партнер, почнете со предигра пред да дојдете дома.
- Жешките СМС пораки ќе ве загреат двајцата, но внимавајте кому му праќате секси фотографии – советува Fulbright.

Опуштете се и уживајте

Француската студија на повеќе од 500 жени потврдила дека за речиси 70 проценти од жените стресот на работа го сметаат за најголемиот виновник за слабото либидо. Стручњаците советуваат своите проблеми да ги оставите на работа, опуштете се и уживајте во спалната соба.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg