Проценете дали сексуално го привлекувате
Вниматлно набљудувајте го неговото однесување и ќе сфатите дали сака состанокот да го завршите во кревет.
Веќе по неколку минути од првиот состанок можете да откриете дали сексуално го привлекувате. Во тоа ќе ви помогнат неколку очигледни знаци.
Говор на телото
Ако тој е заинтересиран за вас, за време на разговорот ќе го навалува своето тело кон вас. Тоа е дискретен потез кој ви покажува дека сака да ви се приближи.
Значајни погледи
Неговиот поглед може да ви открие многу нешта... Тешко е да се опише, но погледот кој ве „соблекува“ секако ќе го препознаете.
Случајни допири
Ја користи секоја можност за да ве допре. Случајниот допир на раката, ногата или коленото е уште еден начин со кој ви праќа порака дека сака подобро да се запознаете.
Лоша концентрација
Иако изгледа многу заинтересиран за разговорот, нешто му ја попречува концентрацијата. Најверојатно вашата близина.
Нервоза
Момците сакаат да имаат контрола над своите емоции, но тоа секогаш не им оди од рака. Ако е вознемирен, му се потат дланкте, не го фаќа место, тоа е доволен знак дека го привлекувате.