10 најнеочекувани женски тајни скриени од мажите

10-najneocekuvani-zenski-tajni-skrieni-od-mazite

Женското срце е океан преполн со тајни, е познатата реченица од филмот Титаник, но не само фиктивно, тоа е и реално така. И во вистинскиот живот жените сакаат да бидат таинствени и да имаат свои мали тајни кои добро и со причина ги чуваат од мажите.

Ви донесуваме десет најнеочекувани тајни.

1. Се што ќе купат жените, било облека, чевли, козметика, чини дваесет проценти повеќе отколку ќе му кажат на партнерот. Тоа се задоволства од кои припадничките на понежниот пол не се откажуваат, па затоа по секоја цена ќе избегнуваат расправија за преголемо трошење.

2. И жените се плашат од сериозна врска и имаат страв од обврски. Оваа особина обично им се припишува само на мажите, често пати поради неа и се осудуваат, но и на понежниот пол неретко му е тешко да се соочи со мислата дека остатокот од животот ќе го поминат покрај ист маж.

3. Стравуваат дека ќе се претворат во своите мајки. Ниедна жена не сака партнерот да и приговара за истите работи за кои таа и приговара на својата мајка.

4. Иако сакаат да бидат независни и  модерни и понатаму сакаат мажот да биде машко. Еманципацијата не ја уништила фантазијата за витез во сјаен оклоп кој ја чува и штити својата сакана.

5. Сакат партнерот да биде љубоморен, но само малку. Трошка здрава љубомора никогаш и никому не му наштетила. Покажува дека на партнерот му значи и ја сака својата подобра половина.

6.Бившите момци не биле така лоши во кревет како што жените умеат да кажат, само за да не го повредат партнеровото его. Впрочем некој морал да им помогне да постанат божици на сексот.

7. Сонуваат за славни секси мажи, но тоа не значи дека сакаат нивните партнери да се едни од нив. Тешко е да им се одолее на мечтите со толку згодни, славни  мажи: Colin Farrell, Robert Pattinson, Chace Crawford, Brad Pitt, Tom Cruise... на мечтите и нема крај!

8. На пријателките им зборуваат повеќе за својата љубовна врска отколку што му признаваат на партнерот, но помалку одошто мажите стравуваат. Впрочем за која друга тема би можеле да зборуваат за време на повеќечасовното пиење кафе?

9. Забележуваат и ценат кога нивниот партнер извршува некоја домашна обврска. Мажот кој не се плаши да работи „женски“ работи е еден од најпотенцијалните избори за долгорочна врска. Освен тоа, да се види маж како мие садови,пегла...неверојатно е секси!

10. Ќе ја пофалат фризурата на партнерот и тогаш кога не му стои баш најдобро. Секако многу бргу ќе му порасне и ќе има можност да се поправи.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg