Спреј кој спречува расправија помеѓу партнерите
Најновиот спреј за нос кој го пронашле научниците може да спречи расправија со партнерот.
Спрејот содржи окситоцин, кој уште го нарекуваат и „дрога за галење“. Тоа е природен хормон кој кај мажите е присутен за време на сексот, а создава доверба и самоувереност.
Кај жените е присутен за време на доењето и помага мајката и детето да воспостават врска.
Во истражувањето спроведено во Универзитетот во Цирих учествувале две групи на парови од 20 – 50 години, кои се заедно повеќе од една година. Едната група добивала плацебо, додека другата група добивала окситоцин.
Се расправало за тоа што најчесто предизвикува кавга. По 40 минути откако се оставени сами во собата која што имала поставени камери, жените кои што земале окситоцин биле пољубезни, помалку напорни, додека мажите биле подготвени за компромис и попозитивни.
Исто така научниците заклучиле дека окитоцинот во вид на спреј го зголемува либидото кај мажите. Оженетите мажи, кои примале окситоцин два пати неделно, имале поголема сексуална желба.
- Овој спреј помага само на кратки патеки, бидејќи ја отстранува жестината во расправијата, но дали ја решава расправијата сеуште не сме успеале да дознаеме – рекла професорката Vedhara.