5 грешки кои ги прават жените во кревет
Понекогаш на жените не им е до секс, па глумат? Често пати им е досадно?
Ова е список на пет грешки „во чекори“ кои жените упорно ги повторуваат наместо добро да се забавуваат во кревет.
Глумење оргазам
Глумењето на оргазам може да се прости во некои посебни прилики, но не треба да прејде во навика. Можеби жените не размислуваат на тој начин, но всушност самите себе се лажат. Освен тоа, речиси секој маж со задоволство ќе се потруди да ги доведе до оргазам, па дозволете му го тоа.
Иницијатива
Сите во денешно време се оптоварени со обврски, но можеби баш сексот е добра работа која ќе ве релаксира и на момент ќе ве одвои од секојдневието. Мажите таа потреба во повеќето случаи ќе ја изразат повеќе од жените, но зошто некогаш и жените не би презеле иницијатива и не би се галеле со саканиот?
Мрзеливост
Ако веќе практикувате секс, тогаш уживајте во него. Не треба само да се лежи и да се чека мажот да направи сè. Тоа може да биде само рецепт за лош секс.
Иновации
Треба да се почне со едноставни работи како на пример, нова поза, а патем да се истражува што ви се допаѓа и на двајцата. Кој знае, можеби ќе откриете некоја своја нова страна за која сте мислеле дека не постои, а сексот ќе биде се подобар па нема да има потреба од глума.
Срам
Партнерот ќе биде заведен ако жената покаже иницијатива и ако биде истрајна во своите идеи. Не треба да се срами да ја опише својата фантазија. Треба да биде отворена и да не се грижи бидејќи секој маж со задоволство ќе истражува со неа.