Мистеријата на оргазмот: За кого е уживањето во сексот гарантирано?

misterijata-na-orgazmot-za-kogo-e-uivanjeto-vo-seksot-garantirano

Иако се чини дека феноменот оргазам во потполност е истражен, сексолозите и стручњаците со тоа се занимаваат секојдневно, откривајќи некои интересни факти за сексуалното уживање.

На пример, жените кои редовно доживуваат оргазам се смеат 2,5 пати повеќе од оние кои ја немат таа среќа, тврдат француските научници.

Германскиот сексолог Rolf Degen спровел темелно истражување за да го дознае просечното траење на оргазмот кај луѓето.

Просек

Просечниот женски оргазам трае само 1,7 секунди, додека машкиот дури 12,4 секунди. Со тоа, тој пресметал дека жените поминуваат еден час и 24 секунди во оргазмичко уживање во текот на целиот живот, додека мажите уживаат девет часа и 18 секунди.

Интелект

86% од мажите признале дека повеќе уживаат во сексот ако нивната партнерка е интелектуално инфериорна во однос на нив, додека жените изјавиле дека поголеми се шансите да доживеат оргазам ако партнеите им се интелектуално супериорни.

62% жени со високо образование имаат проблеми со доживување оргазам, додека кај жените со пониско образование овој процент е понизок – 38%. Канадските и германските стручњаци тврдат дека колку е образованието на жената пониско, таа ќе има подобри оргазми.

Зачудува податокот дека 55% од факултетски образованите жени едвај некогаш го почувствувале уживањето наречено оргазам, додека 70% од оние кои не завршиле ниту средно образование намаат проблеми во тој поглед.

Ејакулација

Спермата може да „помине“ растојание од 1,5 метри додека излегува со брзина од 45 километри на час. Мажите обично ејакулираат три до четири „порции“ за време на еден оргазам. Околу 17% од жените се способни да доживеат повеќекратни оргазми кои што траат 20 до 30 секунди. Пулсот на мажите се движи од 100 до 150 отчукувања на минута во текот на оргазмот.

Американските психолози во текот на десет години ги набљудувале животите на 300 жени кои се лечеле од пореметувања што им оневозможувале да доживеат оргазам. Ги споредиле нивните биографии со биографиите на жените кои имале слични проблеми, но кои го прекинале лечењето. При тоа дошле до заклучок дека бројот на разводи во групата жени кои одбиле да продолжат со третманот, бил значително поголем.

Би можело да ве интересира:

Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg