Мажите ги издава држењето, а жените нозете

mazite-gi-izdava-drzenjeto-a-zenite-nozete

Ви се чини дека колегата од работа, пријателот, комшијата или некој познаник фрлил око на вас, но не сте сосема сигурни...

Ќе ви помогнат советите кои тврдат дека постојат сигурни знаци со чија помош можете да детектирате дека „осомничената“ личност кон вас има романтични чувства.

Насмевка

Меѓу сигналите за тајна љубов е и широката насмевка, долгото гледање во очи, мали допири и прекрстени нозе и стапала свртени кон вас.

Ако мажот навистина е заинтересиран, тој се насмевнува, воспоставува долг контакт со очите, ја поправа облеката, стои исправено или седи со рамениците навалени наназад, а градите нананпред.

Ако и се допаѓате на некоја жена, таа се насмевнува и долго ве гледа во очи. Несвесно, но дискретно, се навалува кон вас и суптилно го открива својот врат, рацете и дланките. Иако тоа може да се поврзе со сигналите на нервоза, сепак ако помеѓу прстите врти коса или синџирче, таа не знае како да ја го сокрие чувството за привлечност.

Прекрстени нозе

Клатењето на нозете не упатува само на нервоза. Ако жената, додека седи, повеќе пати ги прекрсти нозете и ги постави така што стапалата и се свртени кон мажот, нејзиниот говор на тело во директен превод значи дека кон вас чувствува длабока потсвесна привлечност. Лесното нишање со ногата дополнително ја истакнува нејзината сензуална природа и симпатии кон вас.

Случајните допири се знак на привлечност. Ако вашиот пријател во разговор често ве допира, можно е да е заљубен во вас, особено ако за тоа постојат и уште некои знаци на симпатија. Дури и кога се чини дека допирите се сосема платонски и бенигни, тие упатуваат на тоа дека постои привлечност. Иницирањето на физички контакт е најчест знак за физичка привлечност.

Розево и сино

Ако сакате да охрабрите таен обожавател, облечете нешто во бои кои ве прават попристапни. Мажот полесно ќе пријде и ќе ги покаже чувствата на жена која што носи обека со розеви тонови или боја на праска.

Мажот ќе и прaти на обожавателката порака дека е стабилен, верен и постојан ако облече нешто сино.

Зеницата е детектор

Ако сè уште не сте сигурни дали му се допаѓате или не во текот на разговорот погледнете ги неговите зеници. Додека гледаме некого кој ни се допаѓа, поради големата доза на хормонот адреналин зениците несвесно се шират и стануваат поголеми, без разлика на светлината. По скенирањето на зенците погледнете ги неговите стапала – ако се свртени кон вас, дефинитивно сте му привлечни.

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg