Тајните на флертот: 5 типови на кокети
Начинот на кој жените кокетираат уште во првите пет минути ја разоткрива нивната личност, тврдат американските научници. Нивното истражување покажало дека постојат пет различни стилови на женско кокетирање, а секој од нив ќе резултира со поинаков вид на љубовна врска.
Телесна
Најлесно е да се препознае таканаречената телесна кокета, чиј говор на телото – допирање на раката од соговорникот или играњето со косата, упатуваат на силна привлечност. Меѓутоа, иако заинтересираноста ја покажуваат послободно, тоа се идеални девојки за долга врска, објаснуваат психолозите.
Традиционална
Традиционалните дами, кои што веруваат дека „играта“ мора да ја води мажот, вешто ќе ја сокриваат заинтересираноста, а избрзаниот телесен контакт би можел да ги одбие. Упорност на партнерот ќе ја наградат со сигурна и мирна врска.
Пристојна
Иако ќе се смеат на шегите и живо ќе разговараат, таканаречените пристојни кокети на почетокот може малку да бидат резервирани и телесно „студени“, но ако се потрудат мажите околу неа, ќе добијат приврзана партнерка.
Искрена
Искрените кокети не играат игри. Ќе ги интересира животот на мажот, работата и интересите, ќе поставуваат прашања и внимателно ќе слушаат. Емоционалната искреност ќе ја внесат во врската.
Заиграна
Заиграните кокети уживаат во отворено кокетирање со кое ја јакнат самодовербата, но нивните искрени желби и намери не се јасни, па затоа е потребно зголемено внимание.