Љубовта излегува од мода: Партнерите ќе ги одбираме врз основа на генетиката

ljubovta-izleguva-od-moda-partnerite-ke-gi-odbirame-vrz-osnova-na-genetikata-1

Оние кои што не сметаат дека љубовта е клучна за избор на партнер, наскоро ќе имаат можност животниот сопатник да го одбираат на основа на компатибилноста на гените.

Имено ДНК тестирањето е се поевтино и научниците сметаат дека за пет до десет години младите ќе може да си ја дозволат оваа анализа за да си го дознаат целокупниот генетски код, а со самото тоа и да си пронајдат соодветен партнер.

На конференцијата Euroscience во Даблин, каде се собрале голем број научници, речено е дека со оглед ан тоа дека луѓето денес многу внимание посветуваат на здравјето, па со самото тоа сакаат и здраво дете, веројатно се повеќе ќе бараат партнер кој што има соодветна ДНК. 

ljubovta-izleguva-od-moda-partnerite-ke-gi-odbirame-vrz-osnova-na-genetikata-2

Така, благодарејќи на ДНК анализите, кои што се се поевтини, паровите буквално ќе можат да „бираат“ каква боја на коса сакаат да има нивното дете, каква боја на очи, а ќе може веднаш да дознаат и дали нивното дете ќе има можност да заболи од некое наследно заболување.

Научниците сметаат дека со тоа ќе биде смален бројот на деца кои се раѓаат со Даунов синдром и со други тешки заболувања. Меѓутоа, некои научници не се сложуваат со оваа идеа. Тие сметаат дека општеството е се повеќе опседнато со славни личности, физички совршености и со висока интелигенција, па луѓето со инвалидитет или некое заболување ги гледаат како луѓе со помала вредност. Насоката би требала да биде кон потрагата за нови лекови кои би им помогнале на заболените.

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg