Најчести женски лаги во кревет
Ги викаат „посилен пол“, но мажите сепак потешко се соочуваат со поедини вистини во однос на жените. Ако „удрите“ по сексуалноста, тоа многу ги боли.
За да се избегнат евентуалните непријатности и за да се сочува врската, жените применуваат лаги во креветот.
Невистините исто така може да предизвикаат проблеми, па психолозите советуваат дека сепак е подобро да се каже вистината, наместо да се избегнува, да се лаже и да се глуми. Ова е листа од најчестите лаги кои ги применуваат жените во кревет:
1. Големина
Величината на неговата „опрема“ отсекогаш била чувствителна тема, освен ако не е исклучително надарен, па е свесен за своите предности. Тоа го знаат сите жени, па многу внимателно ќе зборуваат на таа тема. Ако нивниот сакан баш и не може а се пофали со величината, таа ќе му рече или величината не е важна или дека неговата величина нејзе и одговара. Во секој случај, тоа ќе биде „добронамерна лага“ со помош на која жената избегнува да го повреди саканиот маж.
2. Број на партнери
Сакале да признаат или не повеќето мажи сметаат дека жената имала повеќе партнери. Тоа многу добро го знаат и жените, па ако мажот или момчето им го постават тоа прашање, настојуваат да го избегнат одговорот. А ако тие се многу упорни, ќе ги излажат. Таквата лага тие ја доживуваат како добронамерна затоа што ги прекинуваат понатамошните прашања и избегнуваат потенцијална реакција.
3. Оргазам
Женскиот оргазам сеуште за многумина е голема тајна, па делумно затоа се врежало мислењето дека многу жени го глумат. Некои жени, тоа навистина го прават, барем неколку пати во животот. Одглумениот оргазам е исто така лага. Ако ги прашате жените зошто го прават тоа, ќе одговорат: затоа што се уморни, поспани, загрижени или нешто слично, па сакаат едноставно да го забрзаат финишот.
4. Орален секс
Жената некогаш на својот љубовник ќе му рече дека совршено го практикува оралниот секс. Тоа најчесто ќе биде лага. Мажите главно ниту денес не го познаваат добро женскиот полов орган, па не е ни чудно што не се снаоѓаат во тој дел од сексуалноста. И повторно жените ќе речат дека така не сакаат да го повредат мажот. Но би било подобро жените тука да бидат искрени бидејќи така ќе си го подобрат сексуалниот живот.