Секси летни игри
Замрзнатото овошје е иделно оружје за загревање на предиграта.
Разновидни дразби значително ја зголемуваат возбудата и чувствителноста на кожата, а поттикнуваат и ендорфини, природно гориво за задоволство.
Нервните завршетоци реагираат и на најмала промена на температура, па кога ќе изладите еден дел од телото всушност истовремено ја известувате целата кожа да се спреми за уживање.
Замрзнете неколку малини или капини. Партнерот нека легне на грб, а Вие со овошката полека исцртувајте ледена линија почнувајќи од неговиот/нејзиниот врат, симнувајќи ја по едната нога сѐ до стапалата и искачувајќи ја по другата страна на телото.
Како што овошјето ќе почне полека да се растопува остава простор за продолжување на играта и безбедно допирање до најчувствителните делови од телото. Слободно освежувајте се и лизнувајќи од сокот што ќе го испушти слатката малина.