Вака ќе ве смавта кога не сте му по мерак
Во еден момент се беше како што треба и одеднаш ве погоди ладниот туш на реалноста... - ми се допаѓаш и мислам дека си прекрасна...но...
Колку од вас ја чуле оваа излишна фраза од мажите со кои сте биле до сега?
Би било навистина поедноставно кога би ви ставиле до знаење дека не се заинтересирани, отколку да смислуваат изговори.
1. Во моментов сакам само да се забавувам. Зошто би губеле време со некој што ви се допаѓа кој и вака и така нема да ви даде ништо повеќе од забава?
2. Извини што не ти се јавив...минативе три дена. Изгледа бил во шума кај што нема мрежа. Не! Не сте му толку значајна.
3. Минувам низ тежок период. Класика- имал долга врска и многу бил повреден, веќе никогаш повеќе нема да има доверба во жените. Запомнете, во животот секогаш ќе има тешки моменти, ако не сака вие да бидете дел од ова, тогаш и не сте му толку важни.