Како да се избегнат замките на летната авантура?
Летото е совршено годишно време за сингл дамите и момците. Опуштена атмосфера, летување на оддалечени места каде што никој не ве познава.
Но, тоа може да биде и подлога за грешка и скршено срце.
Еве неколку правила за летен флерт:
Идеи за возбудлив секси одмор
Летната авантура има рок на траење – од една вечер до три месеци. Пред да се впуштите о флерт, подгответе се на тоа дека вашата авантура еднаш ќе заврши.
Избегнувајте колеги
Воздржете се од авантура со пријател или колега. Никогаш не треба да започнете нешто со личност која треба да ја гледате секојдневно кога летото ќе се заврши.
Поставете граници
Објаснете дека сè што сакате е забава и бидете сигурни дека тоа го сака и партнерот. Секако, тоа и вам треба да ви биде јасно.
Не очекувајте премногу
Ако минатата година сте имале незаборавна авантура со момче/девојка од местото каде што сте летувале, не очекувајте дека тоа ќе се повтори ако повторно го одберете тоа место за одмор.
Заштитете се
Летото е период кога голем број луѓе имаат незаштитени сексуални односи, поради што може да се случи несакана бременост или да заработите сексуално пренослива болест. Не дозволувајте тоа да ви се случи.