7 работи кои ги возбудуваат мажите

7-raboti-koi-gi-vozbuduvaat-mazite-1

Точно е дека сакаат да „мeркаат“ сè што носи здолниште, но постојат некои работи кои кај мажите можат во секунда да ја разгорат фантазијата.

Проѕирна маица

За машките очи вистински празник е кога на жената и се наѕираат брадавиците под блузата. Тоа мажите ги „побудалува“ и веднаш им ја разгорува фантазијата.

Нанесување на кармин

Жените мислат дека мажите сакаат нежни усни кои се намачкани со кармин или сјај. Тука грешат, бидејќи мажите сакаат да ја набљудуваат жената додека го нанесува карминот, со главата наведната наназад, со полузатворени очи и полуотворени усни. За мажите таа глетка е силна исто како и сексот.

7-raboti-koi-gi-vozbuduvaat-mazite-2

По некој испад

Ниту еден маж не сака жена која не затвора уста, а особено жена што пцуе. Но кога на жената, која што е одмерена, одеднаш ќе и излета некоја пцост или лош збор, тоа делува возбудливо кај мажите.

Природна убавина

Мажите обожуваат кога ќе видат девојка која на себе има износена маица, коса собрана во опавче и блага шминка. За посилниот пол, тоа е многу убава глетка.

7-raboti-koi-gi-vozbuduvaat-mazite-3

Освојување со храна

Мажите обожуваат жената да ги освојува со храна. Многу истражувања покажале дека сите тие приказни во врска со храната и сексот се по малку вистинити. Особено кога жената, со престилка, подготвува разни закуски или едноставно готви нешто што тој го сака.

Директен поглед

Кога ќе забележите дека згоден маж ве гледа, возвратете му го вниманието со директен поглед, бидејќи тие тоа го обожуваат. Повеќето мажи ќе го одмерат секое „здолниште“, но кога тоа е проследено и со поглед, кај него предизвикува бурна возбуда.

Игра со друга жена

Две жени кои заедно играат на подиумот го потсетуваат на женско борење во кал. Имитирањето на движењата на галење помеѓу две жени е глетка на која што мажот не може да и одолее.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg