Вежбањето ја зголемува желбата за секс
Нова студија тврди дека мажите кои што вежбаат во своите педесетти, имаат висок либидо, поголем број подвижни сперматозоиди и посилна ерекција.
Студијата е спроведена во Даблин и вклучила 900 мажи со просечна старост од 54 години, кои што учествувале во програмата за превенција на диабет.
Frensis Hejs, лекарката која го водела истражувањето кое траело една година, вели дека ниското ниво на тестостерон вообичаен за пополните мажи пред да добијат диабет:
„Полните мажи со ниско ниво на тестостерон би требало да се охрабрат да изгубат килограми наместо автоматски да бидат ставени на хормонска терапија“.
Нивото на тестостерон, кој е задолжен за желбата за секс, е директно пропорционално со килограмите. Со други зборови ако се здебелите ви паѓа нивото на тестостерон, но ако ослабете, тестостеронот автоматски ќе ви се поврати како и желбата за секс.
Овој факт би требало да ги поттикне мажите својата тежина да ја задржат на нормално ниво и дополнително да вежбаат и здраво да се хранат.
Најновата студија потполно го негирала неодамнешното контроверзно истражување кое тврдело дека подвижноста на сперматозоидите нема никаква врска со дебелината.