Како да знаете дали флертот ќе премине во врска?
На почетокот би требало да ја оставите глумата и обидете се да комуницирате што поотворено и порелаксирано без создавање на дополнителен притисок.
Не морате веднаш да се нарекувате сродни души, но не би било на одмет кога еден на друг би си признале дека барем уживате кога сте заедно.
Колку и да е тоа без обврски, сигурно ќе се запрашате дали вие двајца станувате пар?
Сите врски се различни, па така ниту еден од овие знаци не гарантира сто проценти дека вашите состаноци ќе се претворат во нешто посериозно.
Но, ако во друштвото на таа личност ви е пријатно, може да се претпостави дека вашето дружење може да продолжи.
Поврзаност
Повеќето парови во долги врски признаваат дека веднаш почувствувале блискост со својот партнер. Иако се виделе за прв пат, пеперутките биле тука.
Делата зборуваат повеќе од зборовите
Ако вашиот потенцијален партнер се труди да биде внимателен, грижлив и романтичен, можеби тоа е знак за идна врска. Кога ќе сфатите дека го знаете неговиот омилен пијалак или кога ќе се потрудите повеќе од вообичаено за да можете само на кратко да се видите, тогаш да - можно е вашиот однос со време да се претвори во нешто повеќе.
Се гледате заедно во блиската иднина
Не мислиме на планирање за проширување на семејството, но можеби се случило вашиот партнер да спомнал некој „концерт на кој можете да одите заедно“.