Кој е за секс во авион?
Сексот на јавно место е многу попривлечен од оној во четири ѕида. Опасен, возбудлив и невообичаен, сексот на големи висини може да ве исфрли од рутината, но внимавајте да не се посрамотите.
Ако сте за секс во авион, имајте го ова на ум:
1. Направете план. Договорете си сигнал кој ќе значи дека мора да тргнете кон вецето и пазете тој да биде суптилен. Таен збор, некое посебно движење или израз на лицето кои никој нема да ги препознае.
2. Тајмингот е сè! Ако сте на ноќен лет, почекајте да заспијат останатите патници па тргнете во акција. Ноќните летови се добри затоа што сите се помалку активни, што значи помал ред пред ве-це и почиста ситуација за вас. Ако сте на дневен лет, почекајте додека стјуардесите не почнат да носат пијалаци: тогаш ретко кој се упатува кон тоалет – не би пропуштиле да си го освежат грлото.
3. Еден по еден. Иако ова го знаеме од филмовите, не е лошо да повториме: кога влегувате и излегувате од тоалетот, правете го ова одвоено. На тој начин ќе бидете помалку сомнителни, а ако некој ве фати, држете се до приказната дека на едниот од вас му се слошило, но сега е во ред. Загрижениот израз на лицето исто така помага.
4. Стоечки. Тоалетите никогаш не се сосема чисти, па уживајте во сексот стоечки, потпрени на ѕид по можност и свртени накај вратата.
5. Бидете брзи. Супер издржливите фраери овој пат ќе мора да побрзаат. Со секоја минута расте шансата некој да ве фати. Сексот во авион нема врска со романтика и мазење – брзината е предност.