4 совети за интересен љубовен живот

4-soveti-za-interesen-ljuboven-zivot

За да ви биде интересно и пријатно во текот на сексот, ако страста спласнала, послушајте ги советите на Megan Andelloux.

Таа е секс едукатор и со своите предлози вашиот однос сигурно ќе го направи интересен.

Слушајте

Понекогаш најдобриот начин да почувствувате романтика е да слушате. Сетилата може да поттикнат зборови. Зборувајте и слушајте го партнерот. Слухот е добар канал да „подивеете“. Музиката може да биде добар избор. Направете компилација на песни кои што ве возбудуваат и во вас будат желба за романса. Ова може да биде само чекор до возбудата.

Читајте еротски романи

Читањето на еротски романи е уште еден убав начин да бидете расположени за секс. Со помош на романите можете да се испитувате себеси и да ги наслушнувате своите фантазии.

Обичен бакнеж

Кога последен пат страсно сте го бакнале партнерот? Испробајте еден сочен бакнеж од почетокот на врската кој што трае, додека вашите раце се по неговото/нејзиното лице, косата и телото. Ќе видите што ќе се случи. Кога паровите ќе ја зацврстат врската често пати престануваат да се бакнуваат како тинејџери. Немојте тоа да го правите, задолжително одвојте време за бакнување. Тоа е здраво, а и пожелно е за вашиот сексуален живот.

Место, локација, избор

Сексот често пати на паровите им станува рутина. Некогаш и по кусо време – исто место, иста поза, исто време. Тоа е лошо за љубовниот однос. Обидете се да ја измените само „сценографијата“ и ќе забележите драстична промена. На пример ако се одлучите за водење љубов во кујна, тоа значи дека нема да лежите, ќе имате и некоја сосема нова поза, ќе го видите партнерот и неговото тело во сосема ново светло. Сето тоа е потенцијално ново возбудување и задоволство.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg