12 тајни на среќната љубов

12-tajni-na-srekjnata-ljubov-1

Отсекогаш сте се воодушевувале на паровите кои одлично функционираат, но не сте успеале да ја откриете тајната на успешната врска?

Еве корисни совети со чија помош можете да ја освежите, продлабочите и подобрите својата врска.

12-tajni-na-srekjnata-ljubovПоловина час сами

Без квалитетно поминато време во двојка вашата врска нема да опстане. Секоја вечер одвојте најмалку половина час за разговор, гушкање и лежење во тишина. Ако дневните обврски ве спречуваат во тоа, еднаш во месецот одете некаде само вие двајца.

Немојте да го гушите

Одржувајте рамнотежа помеѓу потребата за партнерот и желбата да бидете независни. Покажувајте му на партнерот колку ви е потребен, но немојте да му се „бесите на врат“, бидејќи ќе има впечаток дека е фатен во клопка. 

Наведете го да ви се восхитува

Не чекајте комплименти, туку кажете нешто убаво за себе и дискретно побарајте од него да се сложи со тоа. На крајот ќе почне да забележува колку сте убави или колку сте дотерани и спонтано да ви дели комплименти.

Покажете што сакате

Кога сте во кревет, немојте да се срамите да му кажете и покажете што сакате. Тешко дека ќе ве доведе до оргазам ако не му помогнете. Немојте да се срамите бидејќи со тоа нема ништо да постигнете. Ќе станете фрустрирани, а тоа не е добро за врската.

Пофалете го

И мажите сакаат комплименти, погледи полни со восхитувања и по некоја заљубена насмевка. Пружете му го тоа и ќе видите дека позитивно ќе се одрази на врската. Ќе биде подобро расположен, па тоа расположение ќе го пренесе и на вас.

Занемарете ги маните

На жените по извесно време почнуваат да им пречат ситници кои кај својот партнер во почетокот на ги забележувале, па дури и ги привлекувале. Кога ќе помине занесот, научете да го сакате со сите мани и доблести.

Немојте да го прикривате незадоволството

Прикриеното незадоволство ја труе секоја врска. Затоа, ако нешто ви смета, кажете го тоа веднаш. Немојте да го одложувате разговорот за утре, бидејќи на крајот од вас ќе избива бес. Во ефект сигурно ќе изговорите и нешто што не мислите, поради што подоцна ќе зажалите.

Немојте да приговарате

Казнувањето и критикувањето не води кон ништо. Многу е подобро да го пофалите ако направи нешто добро. Наместо да приговарате секогаш кога ќе заборави да ја стави својата чаша во садоперот или да ги однесе валканите алишта во бањата, пофалете го секогаш кога ќе направи нешто корисно.

Разбудете ја страста

Немојте да дозволите вашиот сексуален живот да замре. Штом забележите дека повеќе не е како некогаш, запрашајте де зошто е тоа така и веднаш преземете нешто повторно да ја заживеете страста. Победете го стресот, уморот и нерасположението и создадете романтичен момент кој ќе ви помогне да биде повторно како некогаш.

Пуштете го да се осами

Имајте на ум дека и мажите понекогаш може да имаат силни емоции. За среќа, тие многу побргу се враќаат во нормала. Ако е лут, тажен или загрижен, ќе му биде доволно половина час да биде сам и да се поврати и пак да биде оној стариот.

Една кавга, пет бакнежи

Според најновите истражувања на психолозите, за бришење на едно негативно искуство потребни се пет позитивни. Затоа, после секој груб збор изговорете пет комплименти и после секоја кавга пет пати нежно прегрнете се. Никогаш не одете во кревет без бакнеж затоа што претходно сте се карале.

Немојте да се инаетите

Научете да преговарате и да правите отстапки. Можеби во детството сте навикнале сите да ви попуштаат и се да мора да биде по ваше, но во врската не функционира тоа така. Преговарајте околу се што ви значи и попуштете дури и ако сте во право.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg