Дали сте подготвени за заеднички живот?


dali-ste-spremni-za-zaednicki-zivot-1

Преселбата во заеднички стан со партнерот е значаен чекор во секоја врска. Оваа одлука не смее да се донесе на брзина и без претходно размислување и разговор.

Ова е листа од 8 точки кои мора да ги поразговарате за да се подготвите за заеднички живот:

1. Дали сте најдобри пријатели? Освен финансиската ситуација и практичноста, обидете се да наведете барем уште една добра причина зошто сакате да живеете заедно. Му/и се јавувате кога имате некој проблем? Ве поддржува во што и да правите? Заедничкиот живот на некој начин ќе го промени и вашиот однос, па затоа мора да бидете спремни.

2. Плаќање сметки. Иако не сте верени, треба да имате увид во финансиската ситуација. Не е пријатно да позајмувате пари, така што договорете се како и кога ќе ги плаќате сметките.

dali-ste-spremni-za-zaednicki-zivot-2

3. Стан. Пред да се преселите треба да се договорите каде ќе живеете. Избегнувајте тоа да биде заедно со нечии родители (доколку сте во можност). Одберете катче кое ќе ве прави и двајцата среќни.

4. Недостаток на простор. Често како проблем се јавува кога во новиот стан нема доволно место за сите работи на партнерите. Договорете се колку простор ви е потребен. Истото важи  и за домашните миленичиња. Многу луѓе не се навикнати да живеат со миленичиња, а тоа може и тоа како да предизвикаат расправии.

5. Делење на одговорностите. Ако и двајцата сте педантни и сакате уредност, ќе ви биде полесно. Луѓето имаат различни навики, но за да функционира заедничкиот живот, потребно е да се договорите за секојдневните обврски.

dali-ste-spremni-za-zaednicki-zivot-3

6. Хигиена. Навиките се домашно воспитување. Внимавајте на хигиената за да ви биде убаво во домот.

7. Време за себе. Заедничкиот живот носи многу повеќе заедничко време. Кога не живеете заедно имате време за одвоено дружење со пријатели кое е нормално и пожелно. Често ќе посакате да бидете сами, и тоа не е ништо лично.

8. Гости. Некои луѓе сакаат да викаат гости и да прават журки во својот стан. Но, некои не сакаат вакви собиранки дома. За ова потребно е да поразговарате со партнерот.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg