Знаете ли кога се случуваат најмногу неверства?
Паузите за кафе или ручек се покажале како идеално време за неверство, а за сè е виновно брзото работно темпо поради кое после враќањето дома...
...никој не е заинтересиран за размена на нежности со партнерот. Сексолозите тврдат дека неверствата за работно време може да се разберат.
Истражувањето на еден портал покажало дека најмногу неверства се случуваат за работно време, а „паузата за кафе“ станала „пауза за секс“.
Во периодот од 9 до 17 часот во текот на работното време, мазењето, бакнувањето и гушкањето се случуваат речиси на секој чекор. Паровите ја користат паузата за кафе или ручек за да ги изневерат своите партнери, а најчест и најдобар изговор е средба со клиент или деловен состанок.
Објаснувањето е многу едноставно – во текот на работното време најлесно е да се смисли како да се побегне од работното место додека таквата ситуација е многу комплицирана да се изведе за време на викенд.
Повеќе од 60% од изневерувањата се случуваат баш за работно време бидејќи тогаш луѓето се најслободни, а секогаш постои добар начин поради деловен состанок да ве „снема“ од работното место на час или два.
Статистиките покажале дека жените кои што ќе се посомневаат дека партнерите ги изневеруваат во 90% од случаите се во право, додека само 30% од мажите биле изневерени од страна на партнерките.
Сексолозите велат дека изневерувањето во текот на работното време е разбирливо. Поради забрзаното темпо на работа, кое исцрпува, мажите, а и жените немаат сила за секс по враќањето дома. Всушност затоа и флертувањето на пауза за ручек е идеално.