6 вистински причини зошто сè уште не сте во брак

6-vistinski-pricini-zosto-seuste-ne-ste-vo-brak-povekjeИако за многумина бракот е нешто кон што се тежнее или дури е и смисол на животот, не мора да значи дека ова важи и за вас. Постојат луѓе кои...


...со своја волја не влегуваат во брак поради ним доволно добри причини.

Не наседнувајте на приказните од некои злобници и ограничени луѓе дека ако не сте во брак, тоа  е затоа што сте со сомнителен морал, лажливи сте или пак не сте доволно добри.

Ние ви донесуваме некои други оправдани причини зошто сеуште не сте запловиле во брачните води.

Среќни сте

Тоа е вистинската работа и доволно добра причина сама за себе. Вие во моментот сте среќни и задоволни со својот живот. Значи, среќни сте до таа мера што не гледате потреба да направите големи животни промени кога се ви е таман.

Сакате секс

Сите добро знаат дека сексот го снемува кога ќе се стапи во брак. Без разлика колку драстично звучи ова, всушност многу парови се жалат дека сексуалниот живот во бракот оди по надолна линија.

Не сакате да бидете  очајни

Знаете.... баш како и вашите пријатели кои толку често ви се жалат на своите маки во брачниот живот. Вам тоа сега не ви треба.

6-vistinski-pricini-zosto-seuste-ne-ste-vo-brak

Не сте го пронашле вистинскиот/вистинската

Вие очигледно не сте личност која би се венчала за било кој, за првиот кој што ќе наиде, па потоа набргу да се разведете и пак се во круг. Не ве интересираат здодевни работи. 

Ги сакате своите пари

Ако имате добра работа, кариера, пари и сè што оди со тоа, сигурно не сакате една половина од тоа да заврши кај партнерот, ако работите не функционираат и ако дојде до развод.

Оној што го сакате не сака брак

Колку и да сакате некого, апсолутно ви е јасно дека не можете да го натерате да биде во брак со вас. Секако не би сакале никого да присилувате на ништо, баш како што и вам тоа не ви годи. Присилните бракови се минато.

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg