5 најголеми машки сексулани стравови
Исто како и жените, и мажите чувствуваат несигурност во креветот. Не станува збор за нивниот изглед, големината на стомакот или висината туку за...
...способноста да ја задоволат партнерката, а стручњаците предупредуваат дека сето тоа е поврзано со неискуството и несигурноста.
Дознајте од што најмногу се плашат мажите во секосот.
1. Споредување
Дали сум подобар од останатите? Тоа е прашање по кое бројни мажи секојдневно бараат одговор. Иако натпреварувањето им е во гените, важно е да се знае дека заљубената жена не размислува на тој начин па водењето љубов зависи од чувството на страст. Техниката се совладува, особено ако партнерите се во подолга врска.
2. Љубомора
Она што секој маж би требало да го знае е дека неговата партнерка имала живот и пред него. Љубомората на поранешните сексуални партнери е многу честа, но навистина непотребна и неоправдана.
3. Изостанок на еркеција
Можеби најголем страв за сите мажи е изостанокот на ерекција. На оние кои што често размислуваат за тоа, тоа и им се случува, најчесто поради психички потешкотии, а нешто поретко причината е од физичка природа.
4. Големина
Вечниот комплекс на речиси секој маж е големината на нивниот пенис. Вечниот натпревар и споредување почнува уште во школските денови, а продолжува во текот на целиот живот. Но големината не е гаранција за уживање. Распрашајте се за бројните техники за заведување и будење на страст за кои вашата партнерка ќе ви биде благодарна.
5. Траење
Еден од големите машки стравови во креветот е секако и траењето на секуалниот чин, односно дали сексот ќе трае предолго или прекрато. Траењето на самиот чин не е показател на квалитетот. На жените им се многу поважни некои други вештини како на пример оние што вклучуваат заведување, предигра и орално задоволство.