9 добри страни на редовниот секс
Докажано е дека сексот позитивно влијае на организмот. Дали се чувствувате секси и привлечно? Тоа нема само позитивно да влијае на вашиот сексуален...
...живот, туку ќе го зајакне и имунолошкиот систем и ќе ве ослободи од болки и лошо расположение.
Од сексот подобро се спие
Чувството на пријатност кое се ослободува по водењето љубов може да ја реши несоницата. Единствено не се препорачува да се заспие за време на сексо, а зошто....не мора да објаснуваме!
Сексот го поправа расположението
Ова не е некое медицинско откритие, но среќните луѓе имаат редовен сексуален живот. Заклучокот би бил: сексајте се и бидете среќни!
Недостатокот на секс доведува до депресија
Истражувањата покажале дека личностите кои не се сексуално активни се склони кон депресија.
Со сексот се зголемува самодовербата
Убаво е кога знаете дека вашиот партнер уживал додека имал секс со вас. Сексуалниот однос ја зголемува самодовербата. Колку повеќе позитивни сескуални искуства, тоа подобро за вас. Со вежби до совршенство!
Со сексот се ослободува хормонот на среќа и љубов
Ендорфинор е хормон на среќата, а окситоцинот е хормон на љубовта кој што дава чувство на блискост и интимност со партнерот. Со сексот организмот излачува хормони, што може да се спореди и со љубовта и поврзаноста на мајката и детето.
Оргазам за ментално здравје
Сексот е добар за умот и телото. Оргазмот е совршен лек против стресот предизвикан со секојдневниот живот, бидејќи во даден момент организмот почнува да ослободува окситоцин кој го релаксира организмот.
Со секс против болки
Истражувањата покажале дека сексот ги ублажува менструалните болки, но и симптомите на ПМС кои знаат да бидат неподносливи како за вас така и за вашиот партнер.
Со секс против останати проблеми
Освен веќе спомнатите можности за излекување, со сексот можете да се решите од болки во карлицата. Но тоа не се однесува на секс во авион или автомобил.
Сексот е поврзан со либидото
Освен што е добар за менталното и физичкото здравје, редовниот секс го подига либидото. Стресот го намалува апетитот за секс што може да доведе до депресија, додека сексуалниот однос моментално го подига расположението, па затоа не чекајте....