Кој го има главниот збор во вашата врска?
Откако е укината строгата поделба на машки и женски работи, се повеќе има прилики за меѓусебно одмерување на силите помеѓу партнерите. Како ќе се...
...избори секој пар со овој предизвик, зависи од тоа колку се познаваат, колку се сакаат и колку си веруваат еден на друг.
Изабел Кролички, француска психоаналитичарка, издвоила три најтипични брачни односи, а вам ви преостанува да се пронајдете и да откриете како да го унапредите својот однос.
Рамноправни
Наизменично преземате соодветни улоги, во зависност од дневните обврски како што се одењето на работа, домашни работи и грижа за децата, но и околностите на кои што можете да влијаете. Успешно балансирате затоа што вашиот однос се заснова на другарство и рамноправност, па за вас не постојат однапред одредени улоги ниту поделба на машки и женски работи. Таквите парови не се оптоваруваат со прашањето кој е шеф во нивната врска. Меѓу нив постои таканаречена алхемија кој што и овозможува совршено да функционираат во апр. Меѓутоа, претераната рамноправност има и лоши ефекти како што е убивањето на сексуалноста. За да се сочува страста и партнерите да останат привлечни еден кон друг, мора да се знае кој е маж а кој жена.
Со други зборови, дури и кога меѓусебно се дополнуваат во врската, партнерите мора да ја сочуваат својата посебност, она по што се разликуваат еден од друг.
Позитивно: Во ваквите врски партнерите делат исти идеи, ставови, цели... Меѓу нив нема тајни бидејќи се многу блиски.
Негативно: Ако се избришат сите разлики помеѓу половите, ќе ја снема страста, а без неа нема среќна врска.
Независни
Има парови кои како да живеат во потполно различни светови. Се занимаваат со различни професии, навечер секој излегува со свое друштво, сакаат различни филмови, музика... Некои дури имаат и две одвоени и една заедничка сметка во банка. Парадоксално, на некои парови оваа автономија им помага да ја зацврстат врската, бидејќи им дава потребна слобода и семејниот живот не го оптоваруваат со улоги кои секој од нив ги има во професионалниот живот.
А што ако некој во работата е поуспешен од другиот? Ако некој се чувствува доволно сигурно и се прифаќа себеси онака каков што е, тој не страда поради социјалниот живот на партнерот или пак поради неговиот успех. Двајцата се свесни за своите квалитети, го прифаќаат другиот со своите позитивни и негативни страни и не се обидуваат да бидат она што не се.
Позитивно: Ова е најздравиот однос. Овозможува зачувување на идентитетот, социјалниот живот и прифаќање на туѓите квалитети.
Негативно: Инсистирањето на слобода предизвикува недоразбирање.
Натпреварувачи
Се занимавате со слични или можеби иста работа и затоа во партнерот гледате сопарник. Во ваков вид ба врска двајцата ги знаете своите предности и мани, па се трудите да ги надминете недостатоците за да го заслужите вниманието од партнерот и да ја сочувате својата привлечност.
Соперништвото ја зацврстува ваквата врска и го одржува љубовниот жар. Ако ривалството се претвори во војна, вашата врска нема да биде со долг век бидејќи ниту еден од вас нема да се смири додека не го елиминира противникот. Ако сакате да опстане врската, немојте да дозволите да дојдете до фаза кога секој од вас двајца ќе мисли дека еден мора да излезе како победник.
Позитивно: Здравиот натпревар ја зголемува взаемната привлечност.
Негативно: Кога натпреварот ќе премине во војна, на врската и се ближи крајот.
Се пронајдовте ли некаде?