Што треба да знаете за мастурбацијата?
Дали знаете дека многу луѓе сè уште веруваат дека жените не мастурбираат? За жал ова не е единственото погрешно верување за мастурбацијата.
Постојат уште многу нешта кои не се знаат, па затоа порталот "Yourtango" објавил список на факти за мастурбацијата кои би требало да ги знаеме.
Луѓето кои што имаат редовен секс мастурбираат почесто од оние што практикуваат поретко секс. Чудно? Па и не баш. Ако мастурбирате, веројатно сте сексуално поотворена личност и баш поради тоа и повеќе се сексате. Ако знаете што ви се допаѓа кога сте сами, без партнер или партнерка, ќе знаете и што ви се допаѓа кога сте во врска,а тоа ви дава голема предност.
Многу повеќе жени мастурбираат отколку што признаваат дека го прават тоа. Истражувањата покажале дека припадниците на двата пола пред да наполнат 18 години редовно мастурбираат, поточно – 80 проценти од мажите и 59 проценти од жените. Што се однесува за постарите од 18 години, бројот малку се менува. Имено, некои истражувања покажуваат дека дури 92 проценти од жените ја признаваат мастурбацијата, додека други истражувања велат дека мастурбираат околу 70 проценти од жените.
И повозрасните жени мастурбираат. Сексуалниот нагон не го снемува со годините, напротив! Некои истражувања покажуваат дека редовно мастурбираат околу 30 проценти од жените на возраст од 60 до 69 години. Тоа го прават и жените постари од 70 години, но нешто поретко, односно 12 проценти. Кога станува збор за мастурбацијата, нема разлика помеѓу мажените и немажените жени.
Некои земји ја поттикнуваат мастурбацијата помеѓу тинејџерската популација. Британската влада во 2009 година како и некои други европски влади, ги упатувала тинејџерите да мастурбираат барем еднаш неделно. Зошто? Не само што мастурбацијата е здрава, туку и благотворно делува на сите здравствени тегоби.
Мастурбацијата не била од секогаш табу. Старите Римјани биле многу сексуално отворени, а тоа значи дека и мастурбацијата била социјално прифатена. Славена е дури и во уметноста, па и денес постојат на пример, глинени фигури кои покажуваат жена како се самозадоволува и ужива во таа активност. Подоцна мастурбацијата се сметала за грев и зло, а со време работите отишле дури до таму што луѓето биле уверувани дека предизвикува разни болести. За жал, некои и денес веруваат во тоа.