Ова се знаците дека е време за пауза во врската
Сте тргнале амбициозно и брзо па сега ви се чини дека сте отсекогаш заедно? Ако е така. Дефинитивно ви е потребен мал одмор. Некои парови и...
...не забележуваат колку се заедно, а ако не сте сигурни дали ви е време за пауза, ова би можело да ви помогне:
1. Другарките/другарите ви се лутат
Никогаш не сте мислеле дека ќе дојде до тоа, но вашите пријатели секогаш се на второ место. По секој повик на кафе разговарате со вашиот сакан/сакана и ако тој/таа има планови за дружење, без размислување ќе го одложите дружењето со вашите пријатели кои не сте ги виделе со месеци.
2. Ги занемарувате своите цели
Порано сте имале свои цели, а сега само би лежеле во прегратките на вашиот партнер/партнерка и би гледале филмови? Ова им се случува на многумина, а проблемот е во тоа што со време ќе почнете да го/ја обвинувате за своите неостварени сни.
3. Живеете во симбиоза
Сите сакаме вистинска љубов, но што е многу - многу е. Ако секој негов/нејзин чекор значи и ваш чекор во истата насока, веројатно сте премногу заедно. Убаво е да се биде заљубен, но ако не можете да отидете до тоалет без присуство на партнерот, можеби е време малку да се раздвоите.
4. Го правите само она што партнерот/партнерката го сака
Врските се полни со компромиси, а ако потполно сте ги отфрлиле своите хобија за да можете да се занимавате со тоа што тој/таа го сака, време е да се вратите на она што сте го сакале пред да се вљубите. Во вашиот живот сигурно има место и за вашите и за работите од партнерот/партнерката.