Водете љубов како гејша
Гејшите, јапонските уметнички за заведување се синоним за убавина, отменост, шарм, но и за способност да задоволат маж. Некои од нивните традиционални...
...техники презеле жените од Европа за да внесат свежина во своите бракови.
Ние ви ги откриваме прочуените трикови на гејшите, а на вас останува да ги испробате.
Немојте да штедите зборови
Пофалете го секогаш кога ќе доживеете оргазам. Жените обично не сакат кога мажите по сексот ги „креваат во ѕвезди“, додека кај мажите важи сосема спротивното. Тие сакаат да знаат дали ја задоволиле жената. Затоа, следниот пат кога ќе доживеете оргазам, дајте му до знаење дека тој е заслужен за тоа. Ќе биде пресреќен кога ќе му кажете дека е најдобриот љубовник на светот.
Нека се чувствува како јунак
Секогаш кога ќе му покажете колку ви годи неговото настојување да ве задоволи, тој ќе се чувствува како јунак. Неговото его ќе расте, ќе се чувствува важно и ќе сака постојано д ави угодува. Тоа не мора да се однесува само на секс. Овој совет можете да го примените и во секојдневниот живот. Ако се потрудите да ги истакнете квалитетите кои најмногу ги сакате кај својот партнер, тогаш тој постојано ќе ви ги покажува.
Славете ја неговата машкост
Вашиот партнер ќе биде воодушевен ако одредено место во спалната соба му посветите само нему. Ќе знае колку ве инспирира неговата сексуалност, бидејќи дел од вашиот животен простор ќе го посветите на неговата машкост. На тоа место можете да поставите негови фотографии, пораки, песни, миризливи свеќи... Од време на време менувајте ги украсите, така ќе му покажете дека постојано мислите на него.
Не одбивајте да водите љубов
Кога ќе ве боли глава, или едноставно не ви е до секс, обидете се тоа да му го кажете на убав начин. Можете да кажете: „Би сакала да водиме љубов, но навистина ме боли целото тело. Наутро ќе се чувствувам многу подобро, па можеме да си играме веднаш штом ќе се разбудиме“. Доколку бидете груби и незаинтересирани, тој ќе се чувствува лошо бидејќи ќе помисли дека повеќе не ве привлекува.
Често менувајте ги позите
Ако веќе по малку ви е досадно во креветот, немојте да поминете уште една ноќ гледајќи во таванот додека вашиот партнер „ја врши работата“. Со промената на позите не само што ќе откриете нови чувства, туку и на партнерот ќе му покажете дека сакате да уживате. Заедно откријте што сакате и немојте да се плашите да пробате.
Немојте да се плашите од еротски игри
Играјте си игри „без допирање“. Правилата на игра се следни: кога сте двајцата голи, можете взаемно да се допирате само со коса или со брадавиците. Тоа дефинитивно ќе ве возбуди. Исто така за време на предиграта може да му ги врзете очите и да не го симнувате превезот за време на сексот. Неговите сетила за слух, допир и мирис ќе бидат поизострени, а вашето сексуално искуство незаборавно.
Креирајте секси сцена
Мажите се визуелни типови. Оставете го светлото запалено и кажете му да ве набљудува додека водите љубов. Ако сте свесни за убавината на своето тело, немојте потполно да се соблекувате. Облечете ја неговата омилена кошула и немојте да ја закопчувате. Мажите се возбудуваат кога ја гледаат жената во нивната облека.