Научно потврден начини за привлекување мажи
Конечно и научно потврдено, во текот на неколку месеци истражување и неколку медицински и социолошки студии откриен е рецептот за привлечност.
Облечете црвен фустан
Фустанот што стои скриен во вашиот плакар, облечете го тогаш кога ќе посакате да освоите машко срце, бидејќи мажите покажуваат поголема сексуална заинтересираност кога ќе видат жена во црвен фустан, отколку во фустан со било која друга боја.
Насмевнете се
Американското здружение на психолози добило позитивни резултати за студијата која испитувала колку влијае насмевката и колку го стимулира делот на мозокот од вашиот партнер кој е поврзан со наградувањето и пофалбите.
Наградете го здрава смеа
Смеата е навистина најдобар лек за се, вклучувајќи ја и љубовта, а канадското истражување вели дека мажите ги привлекуваат жени кои се смеат на нивните шеги, што има логика, доколку во предвид го земеме фактот дека секој човек е „нарцис“.
Високо Ц
Мажите се особено осетливи на бојата на гласот ка жените, но ако жената има пискав глас или мерлинмонровски шарм и заводливост во гласот, таа е вистинска среќничка.
„Фрцкајте се“
Обидете се на пазар, а кога ќе стекнете вештина покажете им на мажите што знаете. Оние жени кои рамномерно ја префрлаат тежината од колк на колк и имаат лесен чекор побргу ќе привлечат машко внимание, отколку оние што тоа го прават невешто.
Заборавете ги солзите
Оние жени кои што лесно се расплакуваат и тоа го прават често во присуство на мажите не се особено привлечни. Романтичните хероини и нивната трагика оставете ја за вечер со пријателките, а на вашиот маж доловете му акционен филм кој одамна посакувал да го гледа.
Долги раце, а не долги нозе
Мажите кои се изјаснуваат како љубители на високи жени, всушност кај нив повеќе ги сакаат долгите раце. Убаво дефинираните женски раце се вистинска уметност ако ги прашате мажите.
Немојте да се срамите од облините
Тој сигурно нема да го забележи вишокот од два килограми поради кои инсистирате да се изгасне светлото додека се слекувате. Мажите повеќе сакаат жени кои што имаат нормална тежина, отколку слаби жени.