Постои ли лек за неверство?
Нема некој кој барем еднаш не се запрашал дали саканата личност го изневерува и како треба во таков случај да постапи. Дали постои одреден вид...
...однесување и акција со кои можеме да предвидиме неверство или да го излечиме оној што изневерува? Да, вели психотерапевтот Гери Нојман, кој интервјуирал повеќе од 500 верни и неверни луѓе за својата книга Connect to Love.
Кај луѓето што имале и најмали шанси да скршнат од правиот пат и да го изневерат партнерот се истакнувале следните четири модели на однесување, а психотерапевтот Гери Нојман смета дека тие се еден вид превентива и заштита од измама.
1. Половина час клуч за верност
Поминете најмалку половина час дневно со својот партнер. Не е важно дали е тоа само седење на каучот и гледање ТВ – вели Нојман додавајќи дека тоа е минималното непрекинато време кое најсреќните парови го поминувале заедно.
2. Навивање
Бидете партнеровиот најголем навивач. Она што се повторувало како шаблон, е дека мажите кои ги изневеруваат партнерките, рекле дека не можеле да го победат. Тоа би значело дека постојано чувствувале дека сè што прават не е доволно добро – вели Нојман. Немојте постојано да му приговарате и да нагласувате кога вашиот партнер прави нешто погрешно. Искажете му благодарност з амалите работи, пофалете го за ситници и ќе се чувствува како шампион.
3. Важно е да слушне, а не само да слуша
Бидете сигурни дека ве слуша и дека ве чул. Голема забелешка на неверните жени им била дека нивните мажи едноставно не слушаат. Мажите се помалку вешти во слушањето, па затоа речете му: „Ми треба пет минути само да ме слушаш. Без давање совети и коментари.“ Тој ќе се фокусира на вас, а не на решавање на проблемот- вели Нојман.
4. Ослободете се од бесот
Сериозно поработете на своите проблеми и бесот. Најмалку успешните парови често се караат додека потполно не се исцрпат, а потоа ја продолжуваат расправијата за истите прашања, по некој ден пауза. Најуспешните парови исто така се караат па дури и жолчно се расправаат, но тие ќе се потрудат да дојдат до конкретен начин и решение за да го избегнат истиот проблем следниот пат - смета Нојман.