10 сигурни знаци дека врската ви е во криза
Како да знаете дека врската ви е во криза? Почнувајќи од чувството дека полека тонете, губењето на животната енергија, сè укажува дека нешто не е...
...во ред, но за да дознаете што е тоа, потребно е да ги следите сигналите кои се во вашата непосредна близина.
1. Ги пребарувате работите на партнерот/партнерката
Ако во последно време речиси редовно ги превртувате џебовите на својот сакан/сакана, или се претворате во хакер за да ги прочитате мејловите барајќи конкретна работа која ќе ги потврди вашите сомнежи, значи дека не сте изградиле никаква доверба со својот партнер/партнерка.
Време е да си го поставите прашањето, дали барате проблем, затоа што не му/и верувате или сте премногу несигурни во себе и во тоа што ќе се случи со вашата врска? Немојте да се залажувате дека шпионирањето на партнерот/партнерката не е сериозна работа, бидејќи е и многу зборува за вас, но и за врската во која што сте.
2. Секогаш гледа во телефонот
Доколку вашиот сакан/сакана го проверува својот фејсбук, наместо да ужива со вас во вечерата, тоа би можело да биде јасен знак дека се оддалечува од вашата врска.
Неа/него го интересира некој сосема друг/а, а и доколку нема конкретен интерес, немојте да ја занемарите оваа постапка. Можеби се работи само за непристојност, побарајте д ави се посвети кога го поминувате времето заедно.
3. Нема секс
Некогаш сте ја чувствувале топлината на постелата, но сега работите стојат поинаку, вашиот однос се заснована некој вид пријателство, без бенефит.
Доколку можете објективно да заклучите дека желбата за секс кај партнерот/партнерката ја нема или се намалила, причината за тоа може да биде друг партнер.
4. Размислувате за друг партнер
Доколку сте стигнале до фазата да наместо сегашниот размислувате за друг партнер, знајте дека само чекор ве дели од реализирањето на истото.
Не е проблем ако понекогаш размислувате за друг партнер, но е ако тоа го правите многу често, бидејќи може да биде знак дека сегашниот не ве привлекува повеќе или со него не можете да остварите добра и квалитетна поврзаност.
5. Повеќе не се смеете на шегите од партнерот
Кога ве освоил партнерот тоа било не поради тоа што бил најдуховитиот маж/жена на светот, туку затоа што вие така сте го доживувале.
Доколку повеќе не сакате да го играте тој танц и ве следи чувство на умор и исцрпеност, тешко ви уште од моментот кога тој/таа се обидува да ве развесели, време е да погледнете од посериозниот аспект на вашата мачна врска.
6. Валкани игри
Кога партнерот почнува кај вас да го буди најлошото, кога пред пријателите не можете да се воздржите, туку на сите можни начини и со сите расположливи средства се обидувате да се повредите, време е да ја прекинете врската.
7. Тој/таа има ново хоби, а вас не ве вклучува во тоа
Здравите врски подразбираат партнерите да имаат некои одвоени интереси, нешто што го интересира само едниот од нив, но доколку вашиот партнер има ново хоби и тоа баш во време кое ви било посветено вам, време е за размислување, бидејќи тој/таа се обидуваат полека да се извлечат од врската.
Внимание, доколку двајцата сакате некој спорт, кој одеднаш постанал само негов/нејзин сосема е сигурно дека тој/таа прв се „изладил“, а не е сигурен/а како да ви го соопшти тоа.
8. Не зборувате за иднината
Паровите многу често прават полу имагинарни планови за тоа каде ќе патуваат, живеат или како ќе ги викаат децата, но ако вашето планирање завршува со тоа кој филм ќе го изнајмите за гледање или пак плановите толку ви се разликуваат, лошо ви се пишува.
Мора да постои заедничко разбирање и тимска работа за вашата врска да опстане, а доколку сега не се согласувате време е да ја прифатите реалноста дека не сте совршен пар.
9. Не наоѓате причина за да бидете пристојни
Некогаш два часа ви биле малку за да се подготвите за состанок, а сега не ги сфаќате оние што велат дека напорите за дотерување и секси изглед се инвестиција во врската. Ако мислите дека заведувањето треба да престане кога ќе станете блиски со партнерот, тоа со време може да стане сериозен проблем.
10. Не престанувате да прашувате за други луѓе
Кога сте самоуверени и задоволни не ви паѓа на памет да прашувате други луѓе, надвор од вашата врска, што е добро а што не во вашата врска. Кога ќе дојдете на лизгав терен се прави голема грешка, која треба да се избегнува, бидејќи кога ги прашувате другите луѓе што да правите, тоа не го правите затоа што не знаете што да правите туку напротив, за да ви го потврдат она што веќе го знаете.
Одлуките мора да ги донесете сами.