Водич за мажи: Како правилно да ја измасирате?
Без оглед на тоа дали сте тазе заедно или сте веќе долги години во врска, сензуалната масажа е понуда на која ретко која жена успешно знае да одолее.
Но, масажата бара многу повеќе од мачкање со масло и стискање на мускулите на рамениците и грбот.
За да и овозможите вистинско уживање, потребно е посебно внимание.
1. Направете добра атмосфера. Тивко музиче кое нема да биде премногу гласно и нападно, чиста соба без натрупани алишта по подот и креветот, пригушено светло.
2. Подгответе масло. Нека биде тоа масло кое ќе има пријатен мирис. Не мора да биде професионално, ги има и во пристојна цена до 500 денари, а ќе ви трае цела година.
3. Одберете удобна позиција. Замолете ја да легне со лицето кон креветот за да можете да седнете преку долниот дел од нејзиното тело. Можете и да клекнете, но ова е помалку удобно на подолго време. Масажата започнете ја од рамениците и правете кружни движења кон грбот. Потоа, со лесни движења на прстите масирајте преку целиот грб па се до вратот.
4. Не брзајте! Пребрзата масажа оневозможува целосно опуштање. Масирајте бавно и темелно, оставете впечаток дека се посветувате и дека имате голема самодоверба, дури и ако ова не е навистина така. Опуштете ги своите раце и прсти за комплетно доживување.
5. Не ја менувајте јачината на притисокот. Вашиот допир мора да биде доволно нежен за да не ја боли, но и доволно цврст за да не ја скокотка. Одлучете се за една јачин на притисокот и не го менувајте до крајот на масажата.
6. Обработувајте едно по едно подрачје. Професионалните масери ректо кога прескокнуваат од една на друга страна, затоа и вие не го правете ова. Ефектот на масажата е многу посилен доколку го обработите секое место поодделно.
7. Притискајте кон надвор, а не надолу. Одберете страна на грбот и почнете да масирате туркајќи ги мускулите кон рамото, а не кон средината на карлицата. Мускулите масирајте ги со палците и со подножјето на дланките.