4 погрешни причини за брак
Бракот е заедница на двајца луѓе кои одлучиле да го поделат заедничкиот живот, но со се поголемиот број на склучени бракови се зголемува и бројот на разводи.
Резултат на тоа често пати се погрешните причини поради кои паровите се одлучуваат за брак.
Лош брак е оној во кој нема доволно доверба, љубов и разбирање, а ни доволно труд.
Постојат многу причини за влегување во брак. Некои се одлучуваат за тој чекор затоа што „им е време“ , затоа што се долго во врска....
За некого браќната заедница е доказ за успех во животот. Други влегуваат во брак поради бременост, па сметаат дека е правилно детето да расте со двајцата родители.
Постојат и такви на кои ргумент за брак им е избегнување на самотијата, а постојат и такви, ги има малку за жал, кои што влегуваат во брак од љубов.
А кои се најлошите причини за влегување во брак?
Веќе долго време сме заедно
Вака често започнува одговорот на прашањето зошто стапувате во брак. Многумина во тој одговор не гледаат никаков проблем, но доколку долгогодишната врска не функционирала, имало прекини, се засновала на навика, тешко дека институцијата брак ќе успее. По одговорот „Да“ проблемите полека ќе излезат на виделина.
Сите наши пријатели веќе се во брак
Секогаш одите на свадби, а никако вам тоа да ви се случи. Преголемата желба за совршено организираниот ден од сништата не е вистинска причина за брак. Па што ако сите ваши пријатели се ожениле/омажиле, додека не го пронајдете вистинскиот партнер, застанете на топката!
Не сакам повеќе да бидам сам/сама
Самотијата не е и не смее да биде причина за брак. Со одбирањето на партнер само затоа што не сакате да бидете сами покажува непочитување кон самиот себе и кон него, а без почитување нема добар брак.
Бившиот/бившата се во брак, сакам и јас
Осветата можеби е слатка, но да му се осветите на бившиот партнер така што ќе ги забрзате плановите во љубовниот живот не е мудра одлука. Потсетете се дека бракот е заедница во која морате да бидете среќни и здоволни, а не да се влезе во брак по секоја цена за да покажете дека и вие можете да сте во брак.