Топ 10: Сексуални игри кои вреди да се пробаат

top-10-seksualni-igri-koi-vredi-da-se-probaat-povekjeСите понекогаш влегуваат во животниот виор, што се одразува и на сексуалниот живот. Ако размислувате за тоа што би можеле да смените и како...


...да ги разбудите заспаните страсти, еве неколку идеи.

1. Улоги

Сите ние имаме фантазии. Сексуалните терапевти препорачуваат своите мечти да ги претворите во реалност, особено ако сте во долга врска. Тогаш често сексот станува рутина, па зошто партнерот не би го замолиле една вечер да биде пожарникар или полицаец? Вие само дајте и лисици. Сексот со улоги е згоден затоа што дозволува да спиете со други, а не го изневерувате партнерот, туку само ги реализирате вашите фантазии. Едноставниот почеток на таквата игра може да биде глума како тукушто сте се запознале, а со време ќе видите што да додадете во играта.

2. Хотел

Сексот во хотел е возбудлив бидејќи немаме често можност да одиме на такви места, па самата идеја за одење во хотел е возбудлива. Дури и ако не можете да си дозволите хотел со повеќе ѕвездички на неколку дена, резервирајте соба за една ноќ. Изненадете го партнерот и убаво поминете си. Ќе ви биде незаборавно, а на партнерот ќе му биде мило што се трудите да го направите возбудлив сексуалниот живот.

3. Секс на јавно место

Идејата за секс на јавно место може да биде многу забавна, но немојте да се впуштате во тоа ако не сте егзибиционистички настроени. Еден од предлозите за секс на јавно место е празно паркиралиште, а ако сте многу храбри, добро место е и последниот ред во полупразна кино сала. Дури и ако не одите до крај, туку се одлучите тоа да го направите дома, ова е одлична предигра.

4. Плажа

Сонце, море и песок. Има ли нешто поубаво и поромантично? Ако најдете мала плажа и имате среќа никого да нема таму, немојте да ја пропуштите можноста бидејќи не се јавува често.

top-10-seksualni-igri-koi-vredi-da-se-probaat

5. Доминација

Во сексот не е важно кој е главата на семејството, туку кој сака да биде потчинет, а кој да го има главниот збор. Ако сакате партнерот да ви стави лисици, кажете му го тоа. Договорете се една вечер да биде ваш роб, ќе биде возбудливо.

6. Бања

Едно од најдобрите места за секс дома е бањата, а кога кон тоа ќе приклучите и огледало и фактот дека самите ќе се гледате во акција, ќе биде доволно жешко без топла купка. Ако не сакате да се гледате во огледало и сте романтичен тип, ви преостанува мирисната купка во када или пак туш.

7. Секс за смирување

Ништо не е непознато во реченицата дека е тенка линијата помеѓу љубовта и омразата, а откако партнерот ве налутил, чувствувате ли нагон да ја соблечете облеката и да тргнете во акција? Тоа е подлога за добар секс за смирување кој е преполн со зовриени страсти и набиен е со емоции.

8. Релаксиран секс

Не мора секој однос да биде див и набиен со страсти. Додека одморате попладне или имате време наутро, само соблечете се и гушнете го партнерот. Лесно ќе го наговорите на акција. 

9. Бидете бучни

Сигурно многу пати сте сакале да викате од петни жили затоа што ви се натрупале проблеми и фрустрации, а сексот е идеален начин сето тоа да го исфрлите и да доживеете нешто сосема ново. Оставете приказната да оди по свој пат и исфрлете ги негативните емоции од себе – викајте, гребете и удирајте. 

10. Секс на познато место

Ако сте на пример, на излет или на патување и посетувате познати места, направете ги посебни и создадете откачен спомен ако ви се даде можност.

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Прашувам за пријател: „Дали ставањето 'лајк' на фотки од други жени на Инстаграм е неверство?“ „Веќе две години сум со моето момче и замислувам да се венчаме и заедно да основ...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
6 митови поради кои си го уништувате задоволството во сексот, според експерт Мислат дека секој однос треба да биде спонтан и веруваат дека страста е поважна ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg