Омилената боја одредува какви сте во кревет
Облеката што ја носите, автомобилот што го возите, ѕидовите и мебелот во вашата куќа можат многу да кажат за вашиот сексуален живот – клучот е...
...во боите што ве опкружуваат. Психолозите ја утврдиле врската помеѓу боите и сексуалното однесување.
Иако можеби тврдите дека немате омилена боја, погледнете околу себе и ќе сфатите дека постои боја која што доминира, а токму таа ја крие сексуалната страна на вашата личност.
Црвена
Црвената симболизира страст, па затоа личностите кои ја сакаат оваа боја знаат да уживаат во сексот и во физичкиот контакт. Склони се кон поагресивен настап кон спротивниот пол, а ако се спојат две личности кои што ја сакаат црвената боја, парот често ќе експериментира и ќе испробува нови работи.
Жолта
Ако сакате жолта боја, тоа значи дека обично го контролирате својот сексуален нагон и во кревет му ја препуштате доминантната улога на партнерот. Никогаш не одбивате туѓа иницијатива, но ретко ќе наметнете сопствени желби. Најважно ви е саканата личност да биде задоволна.
Зелена
Оние чија омилена боја е зелената се нежни и чувствителни кога е сексот во прашање. Жената која ја сака оваа боја ќе води љубов целиот живот како да и е прв пат, а мажот е чувствителен и подготвен да ги исполни желбите на својата партнерка. Двајцата и се верни на една личност и не можат да замислат сексуална авантура со некој друг.
Сина
Обожувачите на сината боја сексот го сметаат како еден вид на уметност и нивниот пристап е елегантен. Мажот се однесува како пијанист, внимателно го истражува телото на жената и ги ослушнува нејзините потреби. Жената ужива во предиграта исто како и во љубовниот чин, дарежлива е и нежна.
Лила
Ако сте обожавател на лилјакова боја, сексот може да ви се чини како губење на време. Жените кои ја сакаат оваа боја повеќе се грижат дали ќе им се расипе фризурата, отколку дали ќе си овозможат взаемно задоволство. Мажите кон водењето љубов пристапуваат како кон деловна обврска и немаат слух за туѓите желби.
Сива
Неодлучни и несигурни љубовници се оние што како омилена боја ја имаат сивата. Често им е потребно многу време за да донесат одлука и тешко им е да се обврзат. Сексот не им преставува возбуда туку само начин да ги задоволат потребите. Не се сложуваат со другите бои.
Розова
Розовата е боја која ја сакаат личности кои што сакаат да флертуваат и склони се кон изневерување. Жените кои што сакаат розова боја понекогаш ветуваат повеќе одошто планираат да пружат, во односот со партнерот се незрели и сакаат да се задеваат. Мажите кои што сакаат розова боја се склони кон често менување на партнерка и со задоволство би влегле во авантура со непозната жена.
Портокалова
Љубовниците чија омилена боја е портокаловата уживаат во секс фантазиите. Во кревет ќе шепотат и ќе ја поттикнуваат фантазијата на партнерот. Предиграта и нежните допири по сексот им се важни колку и самиот чин. Во случај да не се задоволни од односот со партнерот, тоа тешко ќе си го признаат себеси. Не им е проблем да одглумат оргазам.