Што да правите кога сексот ќе ви стане здодевен?

sto-da-pravite-koga-seksot-ke-vi-stane-zdodeven-povekjeАко вашиот сексуален живот станал здодевен, време е да го освежите со некои новости и така да ви биде интересно вам и на вашиот партнер.

 

Па, еве неколку идеи:

Ретро секс

sto-da-pravite-koga-seksot-ke-vi-stane-zdodeven

Да се практикуваат нови работи во кревет може да биде забавно, но да се практикуваат нови работи вон креветот е врв на забавата. Ако сакате да го збогатите својот сексуален живот, вратете се во минатото. Наместо секс во лифт, пробајте секс на скали. Тоа е ретро секс кој сосема сигурно ќе донесе дополнително возбудување во вашиот сексуален живот.

Пронајдете ја тетоважата

Дури и ако не сте љубители на тетовирање, ставете некоја привремена тетоважа и тоа на место до кое само тој има пристап. Предиграта започнете ја така што ќе му дадете знак да ја пронајде тетоважата. Правилата на играта можете сами да ги одредите. Не е лошо да истетовирате негови иницијали.

Заведување со мирис

Палењето на свеќи како вовед во сексуалното дружење можеби се чини како потег од романтичните филмови, но има и свои предности. Пронајдете свеќи со интересен мирис и редовно палете ги како дел од вашиот сексуален ритуал. По некое време, вашиот партнер ќе почне да го поврзува тој мирис со сексот и ќе биде доволно само малку да го почувствува и ќе посака секс.

Направете домашно видео

Ако имате доволно храброст, предложете му на партнерот да биде сценарист на вашето приватно порно видео. Нека напише една мала сцена, а вие прифатете ја улогата. Потоа заеднички одглумете, а вие бидете ѕвезда на филмот. Кој знае можеби ќе ви се допадне.

Сменете ја професијата

Многу мажи се „палат“ на фризерки, масерки, келнерки... Обрнете внимание, тоа се жени кои се занимаваат со услужни дејности. Мажите сакаат од време на време жените да им угодуваат. Ова важи и во спротивна насока. Договорете се – вие бидете неговата фризерка, а друг пат тој нека биде вашиот масер. Така ќе го споите убавото и корисното.

Би можело да ве интересира:

„По породувањето чувствував болка при секс и бегав од сопругот – Како успеав да го решам проблемот и... „Ако слушнете како некој се фали дека има многу секс по породување, немојте ведн...
„Алергична сум на семена течност и кондоми – Што ми се случува по секој секс?“ Алергијата на семена течност е мошне ретка реакција на протеините што се застапе...
„По 20 години брак побарав развод од сопругата затоа што дознав дека ме изневерувала на факултет – З... „На излегување, една од нејзините цимерки ме однесе на страна и ми кажа дека тре...
Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg