7 работи кои таа неможе да ги смени кај него

7-raboti-koi-taa-nemoze-da-gi-smeni-kaj-nego-povekjeВашиот сакан остава валкани чорапи низ дома? Во очи ве гледа и ви вели дека не изгледате дебело во фармерките? Гледа по други жени? Девојки, немојте...


...да се надевате дека ќе ги смените.

Ви преставуваме седум работи кои никогаш, ама баш никогаш, без разлика на целиот ваш труд, нема да можете да ги смените кај мажот.

1. Ситни лаги
Тој нема да се двоуми да ви каже некоја ситна лага во случи кога ќе почувствува дека вистината би ве повредила. Тој едноставно не може да признае дека малку сте се здебелиле или дека наместо подолго на работа бил со пријателите на пиво или пак гледал фудбал. Нема лек, само обидете се на тоа да се навикнете бидејќи во спротивно ќе се нервирате повеќе одошто сте подготвени.

2. Гледа во други жени
Тоа што мажот гледа во други жени, не значи дека не е заинтересиран за вас. Тоа им е во крвта и без тоа не можат, помирете се со тоа или глумете дека не забележувате.

3. Хигиена
Ако мажот е уреден, тоа значи дека таков ќе биде до крајот на животот. За жал истото важи и за неуредните. Овде можете нешто да направите само ако му дадете детален распоред на обврските во домаќинството за кои што тој треба да се грижи. Ако и тоа не „запали“, не ви преостанува ништо друго освен да се оди по него и со прст да му се покажува секоја работа што ја направил, а не требало. Освен тоа, немојте да очекувате дека ќе биде уреден кога вие ќе отидете на некое патување.

7-raboti-koi-taa-nemoze-da-gi-smeni-kaj-nego

4. Стил
Ако тој носи хавајка и пантолони во потполно различен тон, вие тука ништо не можете да направите, Тој едноставно не е талентиран да ги усогласува боите, примероците и кроевите, а да не зборуваме за одбирањето на соодветна гардероба за посебни прилики. Тоа што можете да направите е лично да го водите при купувањето на облека и секојдневно да му зборувате што да облече.

5. Спорт
Некои мажи се „побудалени“ по спорт. Немате право да се жалите на тоа ако вашиот сакан од почетокот на врската јасно ви го ставил тоа до знаење.

6. Избегнување расправии
Повеќето мажи на сите можни начини ќе се обидат да избегнат било каква расправија. Бидејќи тоа не можете да го смените, најдобро би било да почекате да ви попушти лутината, па на мира да поразговарате со него.

7. Став за сексот
Начинот на кој тој размислува за сексот секогаш ќе биде поразличен од вашиот. Секако, ако ве сака и почитува, секогаш ќе биде расположен да ви ги исполни желбите во кревет, под услов и вие истото да го направите.

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Жени откриваат: „Зошто останав со мажот кој ме изневери?“ „Останав со него бидејќи и јас го изневерив. Си простивме и заедно сме веќе 17 г...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Што е „предвремена интимност“ и колку време треба да чекате за првиот секс, според експерт за врски Знаете ли што е „предвремена интимност“? Таа не се однесува само на сексот, туку...
„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува „Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg