Што ги возбудува жените?
Некои жени ќе се возбудат и од самиот поглед кон силните машки раце, додека други ќе уживаат додека ги скокоткаат за време на сексот. Ова се само...
...некои од женските фетиши, некои се добро познати, а има и такви кои ве изненадат.
Мускулести раце
Силните машки раце за некои жени се речиси оргастично искуство. Исто како што некои мажи се „палат“ на женски нозе, така некои жени ги возбудува убава, негувана и силна машка рака. Овде станува збор за жени кои што трагаат по чувство на заштита и кои себеси се сметаат за слаби и ранливи.
Посакувани „вампири“
Со експанзијата на вампирски серии и филмови, многу жени сексуално мечтаат за ладнокрвни крвопии. Но, без грижа, ова е нормално и многу жени мечтаат за секс со вампир чиј фокус е женскиот врат и нежната кожа, а покрај тоа имаат и нешто животинско во себе кое го буди женското либидо.
Скокоткање
Некои жени сакаат кога за време на предиграта мажот нежно ги скокотка. Но има и такви на кои ова им е врв на уживањето. Имено постојат жени кои на скокоткањето реагираат со силно сексуално возбудување и можат да доживеат оргазам без пенетрација.
Униформи
Униформите се познат фетиш како кај мажите, така и кај жените. Додека мажите мечтаат за собарки, медицински сестри или строги учителки, така некои жени ги возбудува маж во униформа: пилот, војник, лекар...не е важно што, само тој да носи униформа.
Воајерство
Самата помисла или поглед на голото машко тело за некои жени е врв на уживањето. Тие воопшто немаат изразена потреба за самиот сексуален чин, туку може да уживаат во набљудувањето на голиот маж. Колку е мажот позгоден и има поскладно тело, толку е уживањето поголемо.
Тетовирање и синџири
За некои жени тетоважите преставуваат симбол на бунтовништво. Тоа се жени кои „паѓаат“ на тетовирани мажи со долги коси и синџири и нитни на облеката и кои сакаат доминација и неизвесност.