Нумерологија: Љубовниот број покажува какви сте во врската
На основа на името и презимето можете да го утврдите љубовниот број, кој со голема прецизност зборува за вашиот емотивен живот, начинот на кој...
...ја примате и давате љубовта.
Проверете колку е точна оваа нумеролошка анализа.
Напишете го своето име и според табелата за секоја буква додајте соодветен број, а потоа сите броеви собирајте ги додека не добиете едноцифрен број од 1 до9.
А, И, Ј = 1
Б, К, Р = 2
Ц, Г, Л, С, Ќ, Ч, Ш, Љ = 3
Д, М, Т, Ѓ, Џ = 4
Е, Х, Н, Њ, Ѕ = 5
У, В = 6
О, З, Ж = 7
Ф, П = 8
Пример: Ана Поповска 1+5+1+8+7+8+7+6+3+2+1=49 4+9=13 1+3=4
Број 1
Личностите со овој број ја базираат својата љубов на промисленост, рационалност и силна интелектуална основа. Тие се големи индивидуалисти, имаат разни интереси. Нив тешко можете да ги задоволите. Секое барање за покорност и послушност кај нив предизвикува одбивност, па дури и агресивност. Ако сакате врската или бракот со ваква личност да ви успее, мора да внесувате повеќе интересни и разновидни промени, бидејќи тие се подготвени на неверство само во моменти на досада или кога ќе почувствуваат дека нивната слобода е загрозена.
Број 2
Многу се пребирливи во изборот на партнер. Сакаат паметни и практични личности, интелигентни и способни. Тие се материјалисти, па ќе се определат за личност која што може да им обезбеди удобен и стабилен живот. Имаат блага природа и речиси е невозможно да се скарате со нив. Ако искрено ве сакаат, тогаш се верни.
Број 3
Овие личности пред сè сакаат вистинско и искрено пријателство. Дури кога тоа ќе го почувствуваат се впуштаат во љубовна или брачна врска. Нивната љубов се основа на почитување и потполна доверба кон саканата личност. Сите проблеми ги решаваат низ отворени и искрени разговори.
Број 4
Сакаат долги и стабилни врски, па многу рано стапуваат во брак. Верни се, послушни и подготвени на секаков компромис, само за да опстане врската. Мирниот живот и стабилната врска за нив се единствената животна цел. Меѓутоа, често се случува да згрешат во изборот на партнер.
Број 5
Љубов за цел живот, тоа е нивната најискрена желба. Го почитуваат семејството и бракот. Секоја неискреност длабоко ги погодува и тешко поминуваат преку лага. Единствена вистинска смисла на животот за нив е постоењето на љубовта. Која ја немаат, тогаш како да не живеат.
Број 6
Чувствителни и нежни, но и колебливи и склони кон промени. Не се за долготрајна и постојана врска. Ако некоја врска ја крунисаат со брак, не се среќни, бидејќи и тогаш бараат други врски и партнери. Вистинска љубов и солиден брак може да остварат дури во подоцните години.
Број 7
Нивниот живот е исполнет со бројни љубовни врски. Уживаат во авантури и флертови. Имаат и повеќе бракови. Навикнати се на повеќе раскинувања, но и нови почетоци. Сметаат дека сето тоа е нормално и пожелно. Кон животот и љубовта пристапуваат многу активно и постојано се во потрага за нови љубовни врски.
Број 8
Тие се со немирен дух и сакаат авантури. Поради постојаната потреба за промена, често ги менуваат партнерите, а не е исклучено да имаат и повеќе бракови. Желбата за разноликост и постојаното одложување на сериозните животни прашања е присутна во текот на целиот живот. За некоја сериозна врска се одлучуваат по триесеттата.
Број 9
Овие личности во младоста тежнеат кон врска со постар партнер, додека во посериозните години ги привлекуваат и помлади личности. Секогаш се во некои спротивности, за нив ништо не е типично. Често доживуваат разочарувања, но тоа не остава лоша трага кај нив, тие и понатаму продолжуваат во потрагата за нови врски и возбудувања.