Десет знаци дека немате доволно секс

10-znaci-deka-nemate-dovolno-seks-povekjeМалку сте лути, па тажни, па ви се чини дека нешто ви недостасува во животот? Ако размислите малку за корените на проблемот, можеби ќе заклучите...


...дека за сè е крив сексот, поточно, недостатокот од секс.

Еве неколку знаци дека недостатокот на секс и страст е одговорен за вашето лошо расположение... Без разлика на тоа дали сте во сериозна врска или пак не, овие 10 индикатори можат (но и не мораат) да ви укажат на тоа дека немате доволно секс и затоа сте несреќни и незадоволни.

1. Интимно подрачје
Воопшто не ве загрижува што интимното подрачје не ви е дотерано, ниту пак имате намера да се депилирате овие денови? Тоа е еден од знаците дека не сте имале секс во последно време и дека сте го занемариле тој сегмент во животот.

2.  Тажни сте
Ендорфинот што го ослободува мозокот е задолжен за доброто расположение. Можете да направите неколку работи за да се чувствувате подобро и да го покачите нивото на ендорфинот. Една од нив е секс кој освен доброто расположение има и некои здравствени бенефиции. 

3. Постојано би се расправале
Докажано е дека недостатокот од секс мажите и жените ги претвора во вистински кавгаџии. Ако сте забележале дека со задоволство почнувате кавги и расправии, запрашајте се кога последен пат сте уживале во физичките страсти.

4. Недостаток на самодоверба
Некои истражувања покажуваат дека добриот секс ја крева самодовербата. Ако ви се чини дека немате доволно самодоверба дома и на работа, обидете се да бидете поактивни во кревет.

10-znaci-deka-nemate-dovolno-seks

5. Секс со бившиот партнер
Ако сакате да му се јавите на поранешниот партнер, а знаете дека тоа е лоша идеја и тоа е знак дека ви недостасува секс, затоа пробајте да пронајдете алтернативен пат до задоволството.

6. Бес
Дали во некои моменти ви се чини дека саканата личност би можеле без грижа на совест да ја удрите бидејќи ви оди на нерви? Велат дека е тенка линијата помеѓу љубовта и омразата, но таа енергија насочете ја кон решавање на проблемот и однесете го партнерот/партнерката во спалната соба.

7. Притисок на обврски
Повеќе не знаете кој ден е во седмицата, но штом наутро ќе ги отворите очите, знаете дека ви е доста од работа и обврски. Олеснете си го секојдневието и впијте малку љубов.

8. Не сте свои
Не сте свои во последно време иако со здравјето ви е се во ред, Обидете се релаксацијата да ја постигнете со секс.

9. Темпирана бомба
Ако се чувствувате како темпирана бомба и ви с ечини дека на партнерот ќе му истресете се во лице и тоа на ни малку внимателен начин, замилете се и обидете се да дознаете зошто сте толку напнати.

10. Нешто ви недостасува
Во врската до неодамна бевте како во облаци, но сега нешто се сменило и ви се чини дека нешто ви недостасува. Можеби сте влегле во некоја рутина и ви треба малку труд за да се вратите на старо или пак на нешто подобро.

Би можело да ве интересира:

Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg