Дали црвената боја повикува на секс?
Црвената е боја по која мажите со векови се вртат. Сега е откриено зошто машката популација толку ја привлекуваат девојки кои носат црвена облека.
Тоа ги наведува да поверуваат дека уште на првиот состанок ќе имаат секс.
Психолозите анализирале 120 момчиња на возраст од 18 до 21 година и откриле дека откако тие ќе видат девојка во црвено, најчесто помислуваат дека нејзините сексуалните апетити се поголеми и дека полесно ќе „скокне“ во кревет.
Исто така е откриено дека гардеробата што ја носат девојките не мора премногу да открива, бидејќи целото истражување е спроведено со обични маици во разни бои.
Истражувањето потврдило дека бојата на облеката има голема моќ во машката перцепција. Психолозите велат сега се сигурни дека мажите црвената боја на жената ја гледаат како повик на секс.
Психологот Glen Vilson исто така потврдил дека и жените реагираат на мажи во црвена облека. Разликата е во тоа што жените црвената боја ја поврзуваат со повисокиот социјален статус на мажот.