Машки омилени мириси на храна
Лаванда и пита од тиква? Нема да верувате кои се мириси ги возбудуваат мажите, а што е најважно, се јадат. Во овој случај се потврдува старата изрека...
...дека љубовта оди преку стомакот.
Лаванда и пита од тиква – Во неодамнешните истражувања комбинацијата на овие два мириса го поттикнуваат протокот на крв во половите органи на мажите и тоа за 40 проценти.
Портокали – Мирисот на ова овошје ги поттикнува сетилата на партнерот... но и сексуалноста.
Ванила – Актерката Џенифер Лав Хјуит е поборник за овој зачин. Неодамна изјавила дека во чантата носи шишенце со екстракт од чиста ванила – онаа за готвење и ја нанесува на вратот. Зошто? Мажите ги привлекува тој мирис „Еднаш четворица мажи ми пријдоа и ми рекоа дека мирисам божествено“, открива актерката.
Колачи со цимет – Ставете да се печат во релна и ќе видите што ќе се случи кога мажот ќе си дојде дома.